Прочитајте ги сите инструкции пред да го употребите апаратот.

Како и кај секоја друга опрема, користењето струја и подвижни делови претставува потенцијална опасност. За безбедно ракување со овој уред, запознајте се со неговата работа и бидете внимателни кога го користите.

Не дозволувајте деца (или куќни миленичиња) да си играат на или во машината. Машината за перење не може да се отвори лесно одвнатре и децата можат сериозно да се повредат доколку се заглават во внатрешноста.

Овој апарат не е наменет да го користат лица (вклучувајќи ги и децата) со намалени

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕфизички, сензорски или ментални способности, или лица без искуство и знаење, освен ако немаат надзор и упатување во користење на уредот од страна на лицето, кое е

одговорно за нивната безбедност.

Децата треба да се под надзор за да не си играат со апаратот.

Ако приклучокот или кабелот за струја се оштетени, тие мора да се заменат од страна на производителот, сервисерот или друго квалификувано лице со цел да се избегнат несакани ситуации.

Поставеноста на уредот треба да овозможува достапност на приклучокот за напојување, славините за довод на вода и цевките за одвод.

Кај машините со отвори за вентилација на долниот дел, проверете отворите да не бидат блокирани со килим или други предмети.

Употребувајте нови црева - старите црева не треба повторно да ги користите.

УПАТСТВО ВО ВРСКА СО ОЗНАКАТА “WEEE”

Правилно отстранување на овој производ (Waste Electrical & Electronic Equipment – Отпадна електрична и електронска опрема)

(Важи во Европската Унија и другите европски земји со посебни системи за собирање)

Оваа ознака на производот, приборот или литературата укажува на тоа дека на крајот од својот работен век, производот и неговиот електронски прибор (полнач, слушалки, USB- кабел) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството. За да спречите евентуално загрозување на животната средина или на човековото здравје поради неконтролирано отстранување на отпадот, Ве молиме да ги издвоите овие предмети од останатиот отпад и да ги рециклирате на одговорен начин за да помогнете во оправданото повторно користење на материјалните ресурси.

Корисниците во домаќинството треба да се јават или кај продавачот, каде што го купиле производот, или локалната надлежна служба, за да се информираат за начинот на кој можат да ги однесат овие предмети на еколошки безбедно рециклирање.

деловните корисници треба да се обратат кај добавувачот и да ги проверат условите од продажниот договор. При отстранувањето, овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.

безбедносни информации _5

WF0600NC-02801R_MK.indd 5

 

 

2010-6-29 15:30:20