Samsung WF0602NCE/YLE manual Информации ЗА Детергенти И Адитиви, Кој детергент да го користите

Models: WF0602NCE/YLE

1 400
Download 400 pages 4.18 Kb
Page 268
Image 268

перење на алишта

ИНФОРМАЦИИ ЗА ДЕТЕРГЕНТИ И АДИТИВИ

Кој детергент да го користите

Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината (памук, синтетика, деликатни ткаенини, волна), бојата, температурата на перење и видот на валканоста. Секогаш употребувајте детергент за перење кој “не пени” премногу и кој е наменет за автоматските машини за перење.

Следете ги препораките на производителот на детергенти за тежината на алиштата за перење, степенот на валканоста и тврдоста на водата во вашето место. Доколку не знаете колку е тврда водата, информирајте се кај локалните органи за водоснабдување.

Немојте да користите детергент кој се стврднал, бидејќи детергентот може да се задржи и по циклучот на плакнење. Може да дојде до неправилно плакнење на машината или блокирање на истекот за претекување.

Обрнете внимание на следното кога се користи функцијата Волна

Користете исклучиво неутрален течен детергент за волна

Ако се користи детергент во прашок, истиот може да остане во машината за перење и да ја оштети ткаенината (волната).

Фиока за детергент

Машината за перење има одделни прегради за детергент и омекнувач. Додадете ги сите адитиви за перење во соодветните прегради пред вклучувањето на машината за перење.

НЕМОЈТЕ да ја отворате фиоката за детергент додека работи машината.

1.Извлечете ја фиоката за детергент на левата страна од контролната плоча.

2.Додадете ја препорачаната количина на детергент

директно во преградата за детергент пред вклучувањето на машината за перење.

3. Додадете ја препорачаната количина на омекнувач во преградата за омекнувач доколку е потребно.

НЕ додавајте никаков детергент во прав или течен ВНИМАНИЕ во делот за омекнувач().

4. При користење на опцијата Prewash (предперење), додадете ја препорачаната количина на детергент во преградата за предперење .

При перење на големи работи, НЕМОЈТЕ да ги

 

користете следните типови на детергент.

МАКС

Детергенти од тип на таблети и капсули

Детергенти кои користат топка и мрежа

Концентрираните или густите омекнувачи треба

да се разредат со малку вода пред да се стават во

преградата (на овој начин се оневозможува блокирање на одводот).

Кога ќе ја затворите фиоката за детергент, откако сте додале омекнувач во делот за детергент за плакнење, внимавајте да не претече омекнувачот за алишта.

28_ перење на алишта

WF0600NC-02801R_MK.indd 28

2010-6-29 15:30:49

Page 268
Image 268
Samsung WF0602NCE/YLE manual Информации ЗА Детергенти И Адитиви, Кој детергент да го користите, Фиока за детергент