Samsung WF0602NCE/YLE manual Функција за заклучување за деца, Одложено завршување, 15’ Брзо перење

Models: WF0602NCE/YLE

1 400
Download 400 pages 4.18 Kb
Page 242
Image 242

карактеристики на вашата нова samsung машина за перење

Вашата нова машина за перење ќе го промени начинот на кој што размислувате за перењето. Почнувајќи од големиот капацитет па сè до енергетската ефикасност, Samsung машината за перење располага со сите особини кои ќе ви помогнат здодевната обврска да ја претворите во вистинско задоволство.

Систем за грижа за бебиња

Вашата Samsung машина за перење ви нуди програми за перење со дополнителна заштита на облеката за деца со чувствителна кожа.

Со овие програми се намалува воспалувањето на кожата на децата преку минимизирање на остатоците од детергент. Освен тоа, овие програми овозможуваат класифицирање на облеката во различни типови и перењето се врши според нејзините карактеристики, така што децата ќе се чувствуваат свежо и чисто при секое облекување на нивните алишта.

Функција за заклучување за деца

Функцијата за заклучување за деца ги чува љубопитните детски раце подалеку од машината за перење.

Оваа безбедносна функција ги спречува децата да си играат со машината за перење при нејзината работа и ве известува кога е активирана.

Одложено завршување

Одложете го циклусот до 19 часа со чекор од по еден час и зголемете ја практичноста на користењето на машината особено во ситуации кога мора да излезете.

15’ Брзо перење

Нема време за губење! Перењето за 15 минути ќе ви овозможи да излезете пред да биде премногу доцна.

Нашиот програм за брзо перење од 15 минути може да биде решение за вашиот презафатен начин на живеење. Отсега ќе можете да ги исперете омилените алишта за само 15 минути!

Програм за рачно перење

Специјалната грижа може да се постигне со помош на соодветна температура, нежно движење при перењето и соодветна количина вода.

Керамички грејач за трајност и заштеда на енергија

(одредени модели)

Нашиот иновативен керамички грејач трае двапати подолго од стандардните грејачи. Со тоа ќе заштедите пари на поправките. Плус, се елиминира бигорот кај тврдата вода и се заштедува енергија.

2_ карактеристики на вашата нова samsung машина за перење

WF0600NC-02801R_MK.indd 2

2010-6-29 15:30:18

Page 242
Image 242
Samsung WF0602NCE/YLE manual Функција за заклучување за деца, Одложено завршување, 15’ Брзо перење, Програм за рачно перење