чистење и одржување на машината за перење

ЧИСТЕЊЕ НА МРЕЖЕСТИОТ ФИЛТЕР НА ЦРЕВОТО ЗА ВОДА

Мрежестиот филтер на цевката за вода треба да го чистите барем еднаш годишно, или кога ќе се прикаже пораката за грешка “4E”:

1.Затворете го доводот на вода на машината за перење.

2.Одвртете го цревото за вода на задната страна на машината. За спречување на избивањето на водата заради воздушниот притисок во цревото, покријте го цревото со крпа.

3.Со помош на клешти внимателно извлечете го филтерот од крајот на цревото и исплакнете го под вода додека не се исчисти. Потоа исчистете го надворешниот и внатрешниот дел од конекторот.

4.Вратете го филтерот на место.

5.Поврзете го цревото повторно со машината.

6.Проверете дали спојните места пропуштаат вода и отворете ја славината.

ПОПРАВКА НА ЗАМРЗНАТА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ

Ако температурата падне под нивото на замрзнување и вашата машина замрзне:

1.Исклучете ја од напојување.

2.Истурете топла вода врз славината за довод на вода за да се разлабави цревото.

3.Извадете го цревото и потопете го во топла вода.

4.Истурете топла вода во барабанот и оставете да постои 10 минути.

5.Повторно поврзете го цревото за довод на вода со славината и проверете дали доводот и одводот на вода се нормални.

СКЛАДИРАЊЕ НА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ

Доколку треба да ја складирате машината за перење подолг период, подобро е да ја испуштите водата и да ги извадите приклучоците. Машината за перење може да се оштети ако пред складирањето има вода во цревата и внатрешните компоненти.

1.Изберете го програмот 15’ Quick Wash (15’ Брзо перење) и додадете белило во преградата за белило. Машината за перење нека помине еден циклус без алишта.

2.Затворете ги славините за вода и откачете ги цревата за довод.

3.Откачете ја машината од електричниот штекер и оставете ја отворена вратата од машината, за да се овозможи циркулација на воздухот во внатрешноста на центрифугата.

Ако машината за перење била складирана на температури под нулата, пред користењето оставете доволно време за одмрзнување на водата која можеби се задржала во машината.

32_ чистење и одржување на машината за перење

WF0600NC-02801R_MK.indd 32

 

 

2010-6-29 15:30:53