Перење на алишта со користење на избирачот за циклус

Перењето со вашата нова машина е многу едноставно со употребата на Samsung “Fuzzy Control” системот за автоматска контрола. Кога ќе изберете програма за перење, машината ќе ја постави соодветната температура, времето и брзината на перењето.

1.Отворете ја славината за вода на лавабото.

2.Притиснете го копчето Power (напојување)() .

3.Отворете ја вратата.

4.Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.

5.Затворете ја вратата.

6.Додадете детергент, омекнувач и детергент за предперење (по потреба) во соодветните прегради.

Pre-wash (предперење) е можно само кога се избрани програмите Cotton (памук)(), Synthetics (синтетика)(), Baby Care (грижа за бебиња)() и

Daily Wash (Вообичаено перење)(). Потребна е единствено доколку ткаенините се многу валкани.

7.Користете го Избирачот за циклус за избор на соодветниот циклус во зависност од

типот на материјалот: Cotton (памук)(), Synthetics (синтетика)(),

Hand Wash for Wool (рачно перење за волна)(), Baby Care (грижа за бебиња)(), Daily

Wash (Вообичаено перење)(), 15’ Quick Wash (15’ Брзо перење)(). На контролната плоча ќе засветат соодветните индикатори.

8.Во овој момент, со притиснување на копчето за соодветната опција, ќе може да ги контролирате температурата на перењето, бројот на плакнењата, брзината на центрифугата и времето на одложено завршување.

9.Притиснете го копчето Start/Pause (активирање/пауза)( ) и перењето ќе започне. Индикаторот за процесот ќе засвети и на екранот ќе се прикаже преостанатото време на циклусот.

Опција за пауза

Пред истекување на 5 минути по започнувањето на перењето, можно е да додадете/ извадите облека.

1.Притиснете го копчето Start/Pause (активирање/пауза)( ) за отклучување на вратата.

Вратата не може да се отвори кога водата е премногу ЖЕШКА или кога нивото на водата е премногу ВИСОКО.

2.По затворањето на вратата, притиснете го копчето

Start/Pause (активирање/пауза)( ) за повторно започнување на перењето.

Кога циклусот е завршен:

Кога целиот циклус ќе заврши, машината автоматски ќе се исклучи.

1.Отворете ја вратата.

2.Извадете ги алиштата.

02 ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА

перење на алишта _25

WF0600NC-02801R_MK.indd 25

2010-6-29 15:30:47

Page 265
Image 265
Samsung WF0602NCE/YLE manual Перење на алишта со користење на избирачот за циклус