Samsung WF0602NCE/YLE manual Напатствија ЗА Перење, Рачно перење облека, 26 перење на алишта

Models: WF0602NCE/YLE

1 400
Download 400 pages 4.18 Kb
Page 266
Image 266

перење на алишта

Рачно перење облека

Можете да ја изберете функцијата за рачно перење без употреба на избирачот за циклус.

1.Отворете го доводот на вода.

2.Притиснете го копчето Power (напојување)() на машината за перење.

3.Отворете ја вратата.

4.Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.

5.Затворете ја вратата.

6.Додадете детергент и по потреба омекнувач или детергент за предперење во соодветните прегради.

7.Притиснете го копчето Temp. (температура)( ) за да изберете соодветна температура. (Cold (ладно), 30 °C, 40 °C, 60 °C, 95 °C)

8.Притиснете го копчето Option (Опција)( ) за да одберете Rinse+ плавење/ плакнење и да додадете време за плакнење.

Времетраењето на перењето ќе се продолжи респективно.

9.Притиснете го копчето Spin (центрифуга)() за да изберете брзина на центрифуга. Функцијата за запрено плакнење ви овозможува да ги извадите сè уште мокрите алишта од машината за перење.

( : Без центрифуга, (Исклучување на сите сијалички): Запрено плакнење

10.Секвенцијално притиснувајте го копчето Delay End (одложено завршување)( ) за избор на соодветната опција на одложено завршување (од 3 часа до 19 часа, со чекор од 1 час). Прикажаните часови го означуваат времето на завршување на перењето.

11.Притиснете го копчето за Start/Pause (активирање/пауза)( ) и машината ќе го започне циклусот на перење.

НАПАТСТВИЈА ЗА ПЕРЕЊЕ

Следете ги овие едноставни напатствија за извонредно чисти алишта и најефикасно перење. Секогаш проверете ја ознаката за грижа за облеката пред перењето.

Сортирајте и перете ги вашите алишта во согласност со следните критериуми:

Ознака за грижа: Сортирајте памук, мешана ткаенина, синтетика, свила, волна и вештачка свила.

Боја: Одделете го белото од обоеното. Новите, обоени алишта перете ги одделно.

Големина: Перење на облека со различна големина ќе го подобри квалитетот на перењето.

Чувствителност: Деликатните работи како чиста волна, завеси и свила перете ги одделно, со употреба на програмот за перење на деликатни работи. Проверете ги ознаките на етикетите на алиштата или раководете се според табелата во додатокот.

Празнење на џебовите

Пред секое перење, испразнете ги сите џебови на облеката. Малите и предметите со неправилен облик како парички, ножеви, игли и спојувалки за хартија, можат да ја оштетат машината за перење. Немојте да перете облека со големи токи, копчиња или други тврди метални премети.

Металот на облеката може да ја оштети вашата облека како и барабанот. Пред перењето превртете ги наопаку алиштата со копчиња и вез. Доколку патентите на панталоните и јакните се отворени при перењето, може да дојде до оштетување на барабанот. Патентите треба да се затворат и да се обложат со лента пред перењето.

Алиштата со долги ленти може да се заплеткаат со другите алишта и да дојде до нивно оштетување. Пред перењето треба да го ограничите движењето на лентите.

Предперење на памук

Вашата нова машина, во комбинација со современите детергенти, ќе постигне извонредни резултати при перењето, заштедувајќи енергија, време, вода и детергент. Сепак, доколку вашите памучни алишта се многу валкани, користете предперење со детергент на база на протеини.

26_ перење на алишта

WF0600NC-02801R_MK.indd 26

2010-6-29 15:30:48

Page 266
Image 266
Samsung WF0602NCE/YLE manual Напатствија ЗА Перење, Рачно перење облека, 26 перење на алишта