Поврзување на цревото за довод на топла вода (одредени модели)

1.Поврзете го црвениот додаток со L-облик за цревото за довод на топла вода

во приклучокот за довод на топла вода на задната страна од машината за перење. Потоа прицврстете со рачно вртење на делот (A) во насока на часовникот.

A

2. Поврзете го другиот крај од цревото за довод на топла вода со славината за топла вода на ист начин како што го поврзавте цревото за довод на ладна вода.

За да користите само ладна вода, употребувајте го делот во форма на Y.

Поврзување на aqua цревото (одредени модели)

Aqua цревото е направено да обезбеди совршена заштита од истекување.

Елементот Aqua stop се прикачува на Aqua цревото и автоматски го прекинува доводот на вода доколку цревото се оштети.

Исто така, прикажува и предупредување со индикатор (A) на елементот Aqua stop.

Поврзете го Aqua цревото со поставување на елементот Aqua stop на славината

 

како што е прикажано.

A

 

Поврзување на цревото за одвод

Крајот на цревото за одвод може да се постави на три начини:

Преку работ на лавабото

Цревото за одвод мора да биде поставено на височина од 60 cm до 90 cm. За да

 

го свиткате цревото употребете го испорачаниот пластичен држач за црево (A).

 

Прицврстете го држачот за ѕид со кука или за славина со жица за да спречите

 

поместување на цревото.

A

(*): 60 - 90 cm

Во разгранување на одводната цевка од лавабото

Разгранувањето на цевката за одвод мора да биде над сифонот на лавабото така што крајот на цревото да е најмалку 60 cm над земјата.

Во хидрант

Препорачуваме употреба на вертикална цевка од 65 cm како хидрант. Таа не смее да биде пократка од 60 cm и подолга од 90 cm. За да го свиткате цревото употребете го испорачаниот пластичен држач за црево (A). Прицврстете го одводното црево за хидрантот со помош на лентите за врзување, за да спречите поместување на одводното црево.

За хидрантот за одвод е потребно:

Минимален дијаметар од 5 cm.

Минимален капацитет за исфрлање од 60 литри во минута.

(*): 60 - 90 cm

02 ПОСТАВУВАЊЕ

Македонски - 17

WF70F5E_WF60F4E_03445E_MK.indd 17

2014-04-23 ￿￿ 6:43:21

Page 105
Image 105
Samsung WF70F5EDW2W/LE, WF60F4EFW0W/LE Како што е прикажано, Крајот на цревото за одвод може да се постави на три начини