Child Lock (функција за заклучување за деца)

Функцијата Child Lock (заклучување за деца) овозможува заклучување на копчињата така што избраниот програм за миење не може да биде променет.

Активирање/деактивирање

Ако сакате да ја активирате или деактивирате функцијата Child Lock (заклучување за деца), истовремено задржете ги копчињата Temp. (температура) и SPIN (центрифуга) во период од 3 секунди.

При активирање на оваа функција, индикаторот "Child Lock (заклучување за деца) " ќе засвети.

Кога ќе ја активирате функцијата Child Lock (заклучување за деца), функционира само копчето Напојување. Функцијата Child Lock (заклучување за деца) ќе биде вклучена дури и по исклучувањето и вклучувањето на напојувањето или по откачувањето и повторното поврзување на кабелот за напојување.

Sound Off (исклучување на звук)

Функцијата Sound Off (исклучување на звук) може да се избере при сите циклуси. Кога ќе се избере оваа функција, звукот се исклучува за сите циклуси. Дури и по повеќекратно вклучување и исклучување на напојувањето, поставената вредност се задржува.

Активирање/деактивирање

Ако сакате да ја активирате или деактивирате функцијата Sound Off

(исклучување на звук), истовремено задржете ги копчињата SPIN (центрифуга) и Options (опција) во период од 3 секунди.

При активирање на оваа функција, индикатрот "Sound Off (Исклучување на звук) " ќе засвети.

Delay End (одложено завршување)

Можете да ја поставите машината за перење автоматски да го заврши перењето подоцна, со избор на време на одложување од 3 до 19 часа (со чекор од 1 час). Прикажаните часови го означуваат времето на завршување на перењето.

1.Отворете го доводот на вода во машината за перење.

2.Внимателно ставете ја облеката во барабанот без да го преполнувате.

3.Притиснете го копчето Напојување за да го вклучите напојувањето.

4.Додадете детергент и по потреба омекнувач или детергент за предперење во соодветните прегради во фиоката за детергент.

5.Изберете го соодветниот циклус и опциите за алиштата.

6.Секвенцијално притиснувајте го копчето Delay End (одложено завршување) додека не го поставите саканото време за одложено завршување.

7.Притиснете го копчето Активирање/Пауза.

Индикаторот "Delay End (одложено завршување) " ќе засвети и часовникот ќе започне со одбројување сè додека не го достигне поставеното време.

8.За да ја исклучите функцијата Delay End (одложено завршување), исклучете ја машината за перење и повторно вклучете ја со притиснување на копчето Напојување.

Македонски - 25

03 КОРИСТЕЊЕ

WF70F5E_WF60F4E_03445E_MK.indd 25

2014-04-23 ￿￿ 6:43:23

Page 113
Image 113
Samsung WF70F5EDW2W/LE, WF60F4EFW0W/LE, WF60F4EFW2W/LE, WF60F4ELW2W/LE manual Child Lock функција за заклучување за деца