ЧЕКОР 5 - Приклучување на машината за перење на напојување
Приклучете го кабелот за напојување во ѕидниот штекер за AC 220 - 240 V / 50 Hz, кој е заштитен со осигурувач или прекинувач на коло. (За повеќе информации околу електричните и потребите за заземјување, погледнете во делот “Довод на електрична струја и заземјување” на страница 12.)
Пробно тестирање
Проверете дали правилно сте ја инсталирале вашата машина за перење со активирање на циклусот RINSE+SPIN (плакнење+центрифуга) откако ќе завршите со инсталацијата.
ЧЕКОР 6 - Активирање на режимот за калибрирање
Вашата машината за перење од Samsung автоматски ја одредува тежината на алиштата. За попрецизно одредување на тежината, ви препорачуваме веднаш да активирате Calibration Mode (режим за калибрирање) откако ќе ја инсталирате машината за перење. Следете ги чекорите подолу за активирање на Calibration Mode (режим за калибрирање).
Пред активирање на Calibration Mode (режим за калибрирање), проверете дали има нешто во барабанот или врз машината за перење.
1.Исклучете ја машината за перење.
2.Притиснете го копчето Напојување додека ги држите копчињата Temp. (температура) и Delay End (одложено завршување) во исто време. Машината за перење ќе се вклучи, а на екранот ќе се прикаже "CLB".
3.Притиснете го копчето Активирање/Пауза за активирање на Calibration Mode (режим за калибрирање).
4.Барабанот ќе ротира во насока и спротивно од насоката на часовникот околу 3 минути.
5.По завршување на Calibration Mode (режим за калибрирање), на екранот ќе се прикаже "End" и машината автоматски ќе се исклучи.
6.Сега машината за перење алишта е подготвена за употреба.
Македонски - 18
WF70F5E_WF60F4E_03445E_MK.indd 18