Рачно перење на алишта
Можете рачно да перете алишта без да го користите Cycle Selector (избирач на циклус).
1.Отворете го доводот на вода во машината за перење.
2.Отворете ја вратата.
3.Внимателно ставете ја облеката во барабанот без да го преполнувате.
4.Затворете ја вратата.
5.Притиснете го копчето Напојување за да го вклучите напојувањето.
6.Додадете детергент и по потреба омекнувач или детергент за предперење во соодветните прегради во фиоката за детергент.
7.Завртете го Cycle Selector (избирач на циклус) за да го изберете циклусот COTTON (памук).
8.Притиснете го копчето Temp. (температура) за да изберете соодветна температура. (ладна вода , 20 °C, 30 °C, 40 °C, 60 °C и 95 °C)
9.Притиснете го копчето SPIN (центрифуга) за да изберете брзина на центрифуга.
(Нема индикатор: Запрено плакнење, : Без центрифуга)
10.Секвенцијално притиснувајте го копчето Delay End (одложено завршување) за избор на соодветната опција на
Delay End (одложено завршување) (од 3 часа до 19 часа, со чекор од еден час). Прикажаните часови го означуваат времето на завршување на перењето.
11.Притиснете го копчето Активирање/Пауза за да започне перењето.
Напатствија за перење
Следете ги овие едноставни напатствија за извонредно чисти алишта и најефикасно перење. Секогаш проверете ја ознаката за грижа за облеката пред перењето.
Сортирајте и перете ги вашите алишта во согласност со следните критериуми:
•Ознака за грижа: Сортирајте памук, мешана ткаенина, синтетика, свила, волна и вештачка свила.
•Боја: Одделете го белото од обоеното. Обоените алишта перете ги одделно.
•Големина: Перење на облека со различна големина ќе го подобри квалитетот на перењето.
•Чувствителност: Деликатните работи како чиста волна, завеси и свила перете ги одделно, со употреба на циклусот за перење на деликатни работи. Проверете ги ознаките на етикетите на алиштата или погледнете во делот "Табела за одржување на ткаенината" на страница 37.
Празнење на џебовите
Пред секое перење, испразнете ги сите џебови на облеката. Малите предмети и предметите со неправилен облик како парички, ножеви, игли и спојувалки за хартија, можат да ја оштетат машината за перење.
Немојте да перете облека со големи токи, копчиња или други тврди метални предмети. Металот на облеката може да ја оштети вашата облека, како и барабанот. Пред перењето превртете ги наопаку алиштата со копчиња и вез. Доколку патентите на панталоните и јакните се отворени при перењето, може да дојде до оштетување на барабанот. Патентите треба да се затворат и да се обложат со лента пред перењето.
Алиштата со долги ленти може да се заплеткаат со другите алишта и да дојде до нивно оштетување. Пред перењето треба да го ограничите движењето на лентите.
Предперење на памук
Вашата нова машина, во комбинација со современите детергенти, ќе постигне извонредни резултати при перењето, а притоа ќе ви заштеди енергија, време, вода и детергент. Меѓутоа, доколку вашите памучни алишта се многу валкани, искористете еден циклус за предперење со детергент на база на протеини.
Македонски - 28
WF70F5E_WF60F4E_03445E_MK.indd 28