Чистење на филтерот за остатоци
Препорачуваме чистење на филтерот за остатоци најмалку 5 или 6 пати годишно или кога на екранот ќе се прикаже кодот "5E". Доколку во филтерот за остатоци се акумулираат надворешни супстанци, перформансите на функцијата Eco Bubble (еколошки меурчиња) ќе се намалат.
ВНИМАНИЕ: Пред да го чистите филтерот за остатоци, проверете дали машината за перење е исклучена од електричниот приклучок.
ВНИМАНИЕ: Не расклопувајте го филтерот за остатоци додека работи машината, бидејќи топлата вода може да истече.
1. Отворете го капакот на филтерот со притискање надолу и влечење на | A | |
неговата рачка. | ||
|
2.Отстранете ја преостанатата вода (погледнете во делот "Испуштање на
водата од машината при вонредни ситуации" на страница 30.) Доколку го извадите филтерот за остатоци без да ја отстраните преостанатата вода, таа може да се исцеди.
3. Одвртете го капачето на филтерот за остатоци (A) со вртење налево.
4. Измијте ги сите нечистотии од филтерот за остатоци. Внимавајте перката на одводната пумпа зад филтерот за остатоци да не биде блокирана.
5. Вратете го филтерот за остатоци.
6. Затворете го капакот на филтерот.
Не заборавајте да го вратите филтерот за остатоци откако ќе го исчистите. Ако филтерот за остатоци не е вметнат во машината, вашата машина за перење може неправилно да работи или да истекува вода од неа.
Прицврстете го филтерот за остатоци откако ќе го исчистите. Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до дефект или истекување на вода.
Чистење на надворешноста
1.Избришете ја површината на машината, вклучувајќи ја и контролната плоча, со мека крпа користејќи средство за чистење во домаќинствата кое не е абразивно.
2.Со мека крпа исушете ја површината.
ВНИМАНИЕ: Не истурајте вода врз машината.
Македонски - 31
04 ЧИСТЕЊЕ
WF70F5E_WF60F4E_03445E_MK.indd 31