Одржување на вашата машина за перење
Поправка на замрзната машина за перење
Ако температурата падне под нивото на замрзнување и вашата машина замрзне:
1.Исклучете ја машината за перење од електричниот приклучок.
2.Истурете топла вода врз славината за довод на вода за да се разлабави цревото (цревата).
3.Затворете го доводот на вода на машината за перење.
4.Отстранете го цревото и потопете го во топла вода.
5.Истурете топла вода во барабанот и оставете да постои 10 минути.
6.Повторно поврзете го цревото за довод на вода со машината за перење и славината за вода и проверете дали доводот и одводот на вода се нормални.
Складирање на машината за перење
Доколку треба да ја складирате машината за перење подолг период, подобро е да ја испуштите водата и да ги отстраните приклучоците. Машината за перење може да се оштети ако пред складирањето има вода во цревата и внатрешните компоненти. Подгответе ја вашата машина за складирање на следниот начин:
1.Завртете го Cycle Selector (избирач на циклус) за да го изберете циклусот 15' Quick Wash (брзо перење 15') и оставете ја машината за перење да го помине циклусот без алишта.
2.Исклучете ја машината за перење од електричниот приклучок.
3.Затворете го доводот на вода на машината за перење.
4.Отстранете ги сите црева за довод на вода и складирајте ги на безбедно место каде што лесно ќе ги пронајдете во случај да треба повторно да ја користите машината за перење.
5.Оставете ја отворена вратата на вашата машина за перење, за да се овозможи циркулација на воздухот во внатрешноста на барабанот.
Ако машината за перење била складирана на температури под нулата, пред користењето оставете доволно време за одмрзнување на водата која можеби се задржала во машината.
Исто така, ви препорачуваме рачно да ја цедите вашата машина за перење преку цевката за одвод при вонредни ситуации, со што ќе ја отстраните сета преостаната вода.
Македонски - 33
05 ОДРЖУВАЊЕ
WF70F5E_WF60F4E_03445E_MK.indd 33