ИЗБОР НА ЛОКАЦИЈА
Пред да ја инсталирате машината, изберете локација со следните карактеристики:
•Цврста, рамна подлога (ако подлогата е нерамна, погледнете “Прилагодување на ногарките” подолу)
•Подалеку од директна сончева светлина
•Соодветна вентилација
•Температурата во просторијата да не паѓа под 0 °C
•Подалеку од извори на топлина (јаглен, гас)
Внимавајте машината за перење да не биде поставена врз кабелот за напојување.
Доколку машината е поставена на подлога покриена со килим, вентилациските отвори не треба да бидат попречувани од килимот.
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА НОГАРКИТЕ
Ако подот е нерамен, прилагодете ги ногарките (не ставајте делови од дрво или други предмети под ногарките):
1. Ослободете ја завртката од ногарката со вртење со помош на раката додека не ја добиете потребната височина.
2.Стегнете ја сигурносната навртка со вртење со помош на испорачаниот клуч.
•Поставете ја машината на цврста, рамна подлога.
Ако машината ја поставите на нерамна и неквалитетна подлога, ќе се појават вибрации или бука. (Дозволеното закосување изнесува 1 степен.)
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ТРАНСПОРТНИТЕ ЧЕПОВИ
Пред употребата на машината за перење, морате да ги отстраните петте транспортни чепови од задната страна на уредот. За да ги отстраните чеповите:
1.Ослободете ги чеповите со помош на
испорачаниот клуч пред да ги отстраните. |
| 2 |
2. Притиснете ја главата на чепот и извлечете го | 1 | 3 |
низ поширокиот дел од отворот. Повторете |
| |
|
|
за секој чеп.
3.Покријте ги отворите со испорачаните пластични капачиња.
4.Чувајте ги чеповите за понатамошна употреба.
инсталирање на машината за перење _7
01 ИНСТАЛИРАЊЕ НА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ