перење на алишта

РАЧНО ПЕРЕЊЕ ОБЛЕКА

Можете да ја изберете функцијата за рачно перење без употреба на Fuzzy Logic функцијата.

За оваа цел:

1.Отворете го доводот на вода.

2.Завртете го Fuzzy контролното копче на “Cotton” (памук)

3.Отворете ја вратата.

4.Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.

5.Затворете ја вратата.

6.Ставете детергент и по потреба омекнувач или детергент за предперење во соодветните прегради.

7.Притиснете го копчето за температура за да изберете соодветна температура. (ладна вода, 30 °C, 40 °C, 60 °C и 95 °C)

8.Притиснете го копчето Rinse (плакнење) за да го изберете потребниот број циклуси на плакнење.

Можни се максимум пет циклуси на плакнење. Времетраењето на перењето ќе се продолжи.

9.Притиснете го копчето Spin (центрифуга) за да изберете брзина на центрифуга.

Без центрифуга ( ) - Алиштата остануваат влажни без центрифугирање по последното плакнење

10.Секвенцијално притиснувајте го копчето за избор на соодветната опција на одложено завршување (од 3 часа до 19 часа, со чекор од 1 час). Прикажаните часови го означуваат времето на завршување на циклусот на перење.

11.Притиснете го копчето за активирање/пауза и машината ќе го започне циклусот на перење.

КОРИСТЕЊЕ НА ОДЛОЖЕНОТО ЗАВРШУВАЊЕ

Можете да ја поставите машината за перење автоматски да го заврши перењето подоцна, со избор на време на одложување од 3 до 19 часа (со чекор од 1 час). Прикажаните часови го означуваат времето на завршување на циклусот на перење.

За да го направите ова:

1.Рачно или автоматски поставете ја машината според типот на алиштата кои треба да се перат.

2.Секвенцијално притиснувајте го копчето Delay End (одложено завршување) додека не го поставите саканото време за одложено завршување.

3.Притиснете го копчето за активирање/пауза. Индикаторот за одложено завршување

ќе засвети и часовникот ќе започне со одбројување сè додека не го достигне поставеното време.

4.За да ја исклучите функцијата за одложено завршување, секвенцијално притиснувајте го копчето Delay End (за одложено завршување) додека индикаторот не се изгасне или исклучете ја машината. (исто така можете да ја исклучите машината за да ја исклучите функцијата за одложено завршување.)

14_ перење на алишта

WF7604SUV-02506G_MK.indd 14

2007-10-10 ¿ÀÈÄ 6:30:11

Page 110
Image 110
Samsung WF7604SUV/YLE, WF7602SUV/YLE manual Рачно Перење Облека, Користење НА Одложеното Завршување, За оваа цел