Внимателно ракување и фрлање на уредот и полначот во отпад
•Никогаш не фрлајте ги батеријата или уредот во оган. Никогаш не поставувајте ги батеријата или уредот на или во загреани уреди, како што се микробранови печки, рерни или радијатори. Уредот може да експлодира доколку се загрее прекумерно. Следете ги сите локални регулативи кога фрлате во отпад употребена батерија или уред.
•Никогаш не удирајте го и не дупчете го уредот.
•Избегнете изложување на уредот на висок надворешен притисок што може да доведе до внатрешен краток спој и презагревање.
Заштитете ги уредот, батеријата и полначот од оштетување
•Избегнете изложување на Вашиот уред и батерија на многу ниски или многу високи температури.
•Екстремните температури може да го оштетат уредот и да го намалат капацитетот на полнење и работниот век на Вашиот уред и батерија.
•Не поврзувајте ги директно позитниот и негативниот пол на
батеријата и спречете да не дојде во допир со метални предмети. Тоа може да предизвика неправилно работење на батериите.
•Никогаш не користете оштетен полнач или батерија.
Не чувајте го уредот во близина или во грејачи, микробранови печки, опрема за готвење или контејнери со висок притисок
•Батеријата може да истече.
•Уредот може да се прегрее и да предизвика пожар.
Не чувајте го и не складирајте го Вашиот уред во области со високи концентрации на прашина или други материи присутни во воздухот
Прашината или надворешните материи може да предизвикаат неправилно функционирање на Вашиот уред и тоа може да резултира со пожар или електричен шок.
Спречете повеќенаменскиот приклучок и малиот крај на полначот да дојдат во контакт со проводливи материјали, како што се течности, прав, метален прав и графит
Проводливите материјали може да предизвикаат краток спој или корозија на терминалите, што може да резултира со експлозија или пожар.
Македонски