Samsung WD80M4A43JW/ZE Внимавајте при инсталацијата, Сериозни предупредувања при користењето

Models: WD80M4A43JW/ZE WD80M4A43JW/LE

1 900
Download 900 pages 30.43 Kb
Page 549
Image 549

Внимавајте при инсталацијата

ВНИМАНИЕ

Овој уред треба да се позиционира на таков начин што приклучокот за напојување ќе биде лесно достапен.

Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар заради електрично истекување.

Инсталирајте го вашиот уред на цврста и рамна површина која може да ја издржи неговата тежина.

Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до абнормални вибрации, движења, шум или проблеми со производот.

Сериозни предупредувања при користењето

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Ако уредот е преплавен, веднаш исклучете ги доводите на вода и напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.

Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце.

Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар.

Ако уредот создава чуден звук, мирис на запалено или дим, веднаш извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.

Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар.

Ако дојде до протекување на гас (на пример пропан, течен гас, итн.), веднаш проветрете, без да го допирате штекерот. Не допирајте ги уредот или кабелот.

Немојте да користите вентилатор.

Една искра може да предизвика експлозија или пожар.

Не дозволувајте им на децата да играат во или врз машината за перење. Освен тоа, при отстранување на уредот, отстранете ја рачката на вратата од машината за перење.

Доколку некое дете се заглави во производот, може да се задуши до смрт.

Погрижете се да го отстраните пакувањето (сунѓер, стиропор) прикачено на дното од машината за перење пред да почнете да ја користите.

Немојте да перете облека контаминирана со бензин, керозин, бензол, разредувач, алкохол или други запаливи или експлозивни супстанци.

Ова може да предизвика електричен удар, пожар или експлозија.

Не отворајте ја насилно вратата од машината за перење додека работи (перење/сушење/центрифуга на висока температура).

Македонски  9

Безбедносни информации

WD80M4A43JW_03786Y-01_MK.indd 9

2018/3/8 10:17:12

Page 549
Image 549
Samsung WD80M4A43JW/ZE, WD80M4A43JW/LE manual Внимавајте при инсталацијата, Сериозни предупредувања при користењето