Поставувања

Заклучување за деца

За да спречите несреќи со деца, со функцијата Child Lock (Безбедносен механизам) се заклучуваат сите копчиња.

Меѓутоа, Child Lock (Безбедносен механизам) нема да се активира додека не притиснете на Активирање/Пауза .

Со функцијата за паузирање, може да ја отворите вратата или да ги промените нагодувањата со притискање на соодветните копчиња. Меѓутоа, откако ќе притиснете на Активирање/Пауза за да ја вклучите машината за перење, функцијата Child Lock (Безбедносен механизам) повторно ќе се активира.

Со Child Lock (Безбедносен механизам) се заклучуваат сите копчиња освен Напојување.

За да ја активирате или деактивирате функцијата Child Lock (Безбедносен механизам), држете ги притиснати копчињата Temp. (Температура) и Spin (Центрифуга) истовремено во времетраење од 3 секунди.

ЗАБЕЛЕШКА

Исклучи/вклучи звук

Може да го вклучите или да го исклучите копчето. Нагодувањето ќе остане активно и откако ќе ја рестартирате машината.

За да го мутирате звукот, држете ги притиснати копчињата Spin (Центрифуга) и Dry Level (Ниво на сушење) истовремено во времетраење од 3 секунди.

За да го вклучите звукот, повторно држете ги притиснати во времетраење од 3 секунди.

Oперации

За да додадете детергент, да ставите уште алишта во барабанот или да ги промените нагодувањата за циклусот додека е вклучена функцијата Child Lock (Безбедносен механизам), мора првин да ја деактивирате функцијата Child Lock (Безбедносен механизам).

Македонски  37

WD80M4A43JW_03786Y-01_MK.indd 37

 

 

2018/3/8 10:17:18