Пред да започнете

Пред да започнете

ЧЕКОР 2 - Испразнете ги џебовите

Испразнете ги сите џебови од алиштата за перење

Металните предмети, како на пр. монети, игли и токи на алиштата може да ги оштетат другите алишта за перење, како и барабанот.

Превртете ги наопаку алиштата со копчиња и вез

Ако патентите на панталоните или јакните се отворени при перењето, може да дојде до оштетување на барабанот. Патентите треба да бидат затворени и обложени со лента.

Алиштата со долги ленти може да се заплеткаат со другите алишта. Не заборавајте да ги врзете лентите пред да започнете со перењето.

ЧЕКОР 3 - Употребувајте мрежа за перење

Градниците (што се перат со вода) мора да бидат ставени во мрежа за перење. Металните делови од градниците може да го пробијат материјалот и да ги исцепат другите алишта.

Мали и лесни алишта како чорапи, ракавици, хулахопки и шамивчиња може да се заглават околу вратата. Ставете ги во мала мрежа за перење.

Немојте да ја перете само мрежата за перење без други алишта. Ова може да предизвика ненормални вибрации кои може да ја поместат машината за перење при што може да дојде до повреда.

ЧЕКОР 4 - Претперење (ако е потребно)

Изберете ја опцијата Претперење за избраниот циклус ако облеката е многу валкана. Не користете ја опцијата Prewash (Претперење) кога рачно додавате детергент во барабанот.

ЧЕКОР 5 - Одредете го капацитетот на полнење

Немојте да ја преполнувате машината за перење. Преполнувањето може да предизвика неправилно перење од страна на машината за перење. Прочитајте на страница 35 за капацитетот на полнење за типот на алишта.

ЗАБЕЛЕШКА

При перење постелнина или навлаки, времетраењето на перењето може да биде продолжено или може да се намали ефикасноста на центрифугата. За постелнина или навлаки, препорачаната максимална брзина на центрифугирање е 800 вртежи во минута, а капацитетот на полнење е 2 kg или помалку.

ВНИМАНИЕ

Ако алиштата за перење не се урамнотежени и се појави кодот за грешка„UB“, прераспоредете го товарот. Неурамнотеженоста на алиштата за перење може да ја намали ефикасноста на центрифугата.

26  Македонски

WD80M4A43JW_03786Y-01_MK.indd 26

2018/3/8 10:17:14

Page 566
Image 566
Samsung WD80M4A43JW/LE, WD80M4A43JW/ZE manual Чекор 2 Испразнете ги џебовите, Чекор 3 Употребувајте мрежа за перење