Пред да започнете

Почетни поставувања

Активирање на калибрација (се препорачува)

Опцијата Calibration (Калибрација) овозможува прецизно откривање на тежина кај машината за перење. Проверете дали барабанот е празен пред да извршите Calibration (Калибрација).

1.Исклучете ја и потоа вклучете ја машината за перење.

2.Држете ги притиснати копчињата Temp. (Температура) и Delay End (Одложено завршување) истовремено во времетраење од 3 секунди за да го активирате режимот на калибрација. Се прикажува пораката„CB“.

3.Притиснете на Активирање/Пауза за да го активирате циклусот на калибрација.

4.Барабанот ќе се врти надесно и налево во период од приближно 3 минути.

5.Кога ќе заврши циклусот, на екранот се прикажува„0“ и машината за перење алишта автоматски се исклучува.

6.Сега машината за перење алишта е подготвена за употреба.

Инструкции за перење

ЧЕКОР 1 - Сортирајте

Сортирајте ги алиштата за перење според овие критериуми:

Ознака за грижа: Сортирајте ја облеката во памук, мешана ткаенина, синтетика, свила, волна и вештачка свила.

Боја: Одделете ја белата облека од облеката во боја.

Големина: Со мешање на алишта со различна големина во барабанот се подобрува ефикасноста на перењето.

Чувствителност: Перете ги деликатните работи одделно, употребувајќи ја опцијата Лесно пеглање за нови предмети од чиста волна, завеси и свилени предмети. Проверете ги етикетите на предметите.

ЗАБЕЛЕШКА

Задолжително проверете ја етикетата за чување на алиштата, а потоа сортирајте ги соодветно пред да започнете со перење.

започнете да Пред

Македонски  25

WD80M4A43JW_03786Y-01_MK.indd 25

 

 

2018/3/8 10:17:14