Употреба
Аспираторот е осмислен за вшмукување на гасови и пареи од готвење и е наменет ислкучиво за домашна употреба.
Аспираторот може да се користи во вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух или со филтер во вид со кружно струење на воздухот.
Вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух
Пареата се исфрла на надвор преку една издувна цевка позиционирана на приклучната прирабница.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Издувната цевка не е доставена и таа треба да се купи.
Дијаметарот на издувната цевка треба да биде еднаков со дијаметарот на прстенот за поврзување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ако аспираторот е снабден со филтри со активен јаглен, истите треба да се отстранат.
Поврзете го аспираторот со цевките и отворите за издувување низ ѕид со дијаметар еднаков со излезот на воздухот (приклучна прирабница).
Употребата на издувни цевки и отвори за издувување низ ѕид со помал дијаметар ќе предизвика намалување на брзината на всмукување и драстично зголемување на бучавата.
Поради тоа се одбива билкокава одговорност које е последица на тоа.
!Користење на цевка подолга од неопходниот минимум.
!Користење на цевка со што е можно помал број на кривини (максимален агол на кривината: 90°).
!Избегнувајте драстични промени на пресекот на цевката.
Варијанта со филтрирање
Всмуканиот воздух се ослободува од мастите и се деодорира пред повторно да се упати назад во просторијата. За користење на аспираторот во оваа варијанта потребно е да вградите дополнителен систем за филтрирање на база на активни јаглени.
Монтажа
Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 45cm за електричните апарати за готвење и 50cm за гасните или комбинираните апарати за готвење.
Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.
Приклучување на електрична енергија
Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот не
елоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би-поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно исклучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран.
Аспираторот е снабден со специјален кабел за напојување; во случај на оштетување на кабелот, побарајте помош од стручна техничка служба.
Вградување
Пред да се почне со монтирањето:
•Проверете дали купениот производ е со соодветни димензии за одбраниот простор за монтирање.
•Извадете го/ги филтерот/-те на активен јаглен ако се доставени (види го и соодветниот параграф). Тој/тие се монтира/-ат само ако сака да се користи аспираторот во варијанта со филтрирање.
•Проверете дали во внатрешноста на аспираторот (поради транспортот) нема материјал од опремата (на пример ќесиња со завртки и навртки, гаранции и др.), ако има извадете го и зачувајте го.
Аспираторот оди заедно со парчиња за прицврстување пригодни за поголемиот дел од ѕидови/тавани. И покрај тоа потребно е да побарате објаснување од квалификуван техничар за да ви потврди за прикладноста на материјалите според видот на ѕидот/таванот. Ѕидот/таванот треба да биде доволно цврст за да ја издржи тежината на аспираторот.
Одржување
Чистење
За чистењето ИСКЛУЧИВО користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти.НЕ ЧИСТЕТЕ СО ПОМОШ НА АЛАТ ИЛИ ДРУГИ ИНСТРУМЕНТИ.
Не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ! За сите дејства на одржување користете ракавици.
Филтер за масти
Бр. 10a-20
За собирање на масните состојки од пареата од готвењето.
Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал.
Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но неговите карактеристики за филтрирање воопшто не се менуваат.
За да го извадите филтерот за масти повлечете го забецот за откопчување.
Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со филтрирање)
Бр. 19
За собирање на непријатните мириси од пареата од готвењето . Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеќе или помалку продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се замени чаурата најмалку на секои 4 месеци.
НЕ може да се пере или обновува.
Кружен филтер на јаглен
Ставете по еден на страна на капакот од двете заштитни решетки на роторот од моторот, потоа вртете во правец на стрелките од часовникот.
За демонтирање вртете во обратен правец од стрелките на часовникот.
Купување на јаглен филтер
Јаглениот филтер може да се купи на веб-страната на Сервис Службата или во Сервис Центарот на Samsung. Посочете ги информациите кои се прикажани на последната страница од овој прирачник.
Замена на сијалиците
Аспираторот е опремен со систем за осветлување базиран на технологијата на LED диода.
LED светилките гарантираат оптимално осветлување, имаат околу 10 пати подолг век од традиционалните светилки и овозможуваат заштеда на електрична енергија и до 90%.
За нивната замена обратете се на службата за техничка поддршка.
49