Samsung MS23H3125AK/OL manual Уредот не треба да се чисти со пареа

Models: MS23H3125AK/OL

1 240
Download 240 pages 11.34 Kb
Page 65
Image 65

Ако печката создава чуден звук, мирис на запалено или испушта чад, веднаш извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.

Микробрановата печка треба да се постави на начин на кој приклучокот ќе биде достапен.

Микробрановата печка е наменета за користење единствено на работна маса во кујна и таа не смее да се поставува во орман.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ (само функција на рерна) - изборно

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога уредот работи во комбиниран режим, децата може да ја употребуваат печката само под надзор на возрасен заради температурата која се ослободува.

За време на употребата апаратот се загрева. Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови во печката. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови може да се загреат за време на употребата. Не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина.

Уредот не треба да се чисти со пареа.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Исклучете го уредот пред замената на светилката за да се избегне можноста од електричен удар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и неговите достапни делови може да се загреат за време на употребата. Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови.

Децата на возраст помала од 8 години не треба да бидат во близина, освен под постојан надзор.

Температурата на достапните површини може да биде висока при ракување со уредот.

Вратата или надворешната површина може да се загрее при ракување со уредот.

Чувајте го уредот и неговиот кабел подалеку од дофат на деца помали од 8 години.

Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку истите се надгледуваат или им се дадат инструкции за користење на уредот на безбеден начин и им се објаснат можните опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не треба да го вршат деца без соодветен надзор.

01 БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

Македонски - 5

MS23H3125AK_OL_DE68-04241E-00_MK.indd 5

2014-01-15 �� 11:24:19

Page 65
Image 65
Samsung MS23H3125AK/OL manual Уредот не треба да се чисти со пареа, Предупредување само функција на рерна изборно