Важни безбедносни инструкции
Предупредување! Важни безбедносни инструкции
(Ве молиме прочитајте го соодветниот дел кој одговара на ознаките на вашиот производ од Samsung пред да започнете да го
поставувате производот.)
ВНИМАНИЕ
РИЗИК ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТВОРАЈТЕ
ВНИМАНИЕ: ЗА ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР, НЕ ОТСТРАНУВАЈТЕ ГО КАПАКОТ (НИТУ ЗАДНАТА СТРАНА). ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕМА ДЕЛОВИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВАТ ОД СТРАНА НА КОРИСНИКОТ. ПРЕПУШТЕТЕ ГО СЕРВИСИРАЊЕТО НА КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ.
Овој симбол посочува дека во внатрешноста има висок напон. Опасно е да доаѓате во каков било контакт со внатрешните делови на овој производ.
Овој симбол посочува дека со производот е испорачана важна литература во врска со неговото функционирање и одржување.
•Приклучните места и отворите на ормарот и на задната или на долната страна се наменети за вентилација. За да се обезбеди сигурно функционирање на овој уред, но и да се заштити од прегревање, овие приклучни места и отвори никогаш не треба да бидат блокирани или покриени.
−− Не го сместувајте овој уред во затворен простор, како што се полици за книги или вградени ормари, освен ако не овозможите соодветна вентилација.
−− Не го поставувајте овој уред во близина или над радијатор или грејни тела или, пак, на места каде што ќе биде изложен на директна сончева светлина.
−− Не ставајте садови кои се полни со вода(вазни итн.) врз овој уред, бидејќи тоа може да предизвика ризик од пожар или електричен удар.
•Не го изложувајте овој уред на дожд и не го поставувајте во близина на вода(во близина на када, лавабо, кујнско лавабо или корито за алишта, во влажен подрум или во близина на базен итн.). Доколку овој уред случајно се навлажни, исклучете го кабелот и веднаш обратете се кај овластениот дилер. Не заборавајте да го извлечете кабелот за напојување од приклучокот за струја пред чистењето.
•Овој уред користи батерии. Во вашата заедница можеби постојат правила според кои треба правилно да ги отстраните овие батерии, земајќи ја предвид животната средина. Ве молиме обратете се кај вашите локални власти за да добиете информации за отстранување или рециклирање.
•Не ги оптоварувајте ѕидните приклучоци за струја, продолжителните кабли или адаптерите со надминување на нивниот капацитет, бидејќи тоа може да предизвика пожар или електричен удар.
•Каблите за напојување треба да се постават на начин со кој ќе се избегне нивното газење или приклештување со предмети кои се поставени врз или до нив, особено внимавајќи на приклучоците на краевите од кабелот, адаптерите и местата на кои излегуваат од уредот.
•За да го заштитите овој уред од удар од гром или да го заштитите кога долг временски период не се користи или надгледува, извадете го кабелот од ѕидниот приклучок за струја и исклучете ја антената или кабелскиот систем. На тој начин ќе спречите оштетувања на уредот предизвикани од удар од гром и промени во напонските водови.
•xПред да го поврзете кабелот за AC напојување со приклучокот на DC адаптерот, проверете дали ознаката за напон на DC адаптерот одговара со локалното електрично напојување.
•Никогаш не вметнувајте метални предмети во отворените делови на овој уред. Тоа може да доведе до опасност од електричен удар.
•За да избегнете електричен удар, никогаш не допирајте ја внатрешноста на овој уред. Само квалификуван техничар смее да го отвора овој уред.
•Не заборавајте да проверите дали кабелот за напојување е целосно приклучен. При исклучување на кабелот за напојување, не заборавајте да го држите приклучокот за напојување додека го влечете од приклучокот за струја. Не допирајте го кабелот за напојување со влажни раце.
•Ако овој уред не работи нормално - поточно, ако од него се слушаат невообичаени звуци или излегува некоја миризба - веднаш исклучете го од напојување и обратете се кај овластениот дилер или сервисен центар.
•Не заборавајте да го извлечете кабелот за напојување од приклучокот за струја ако уредот нема да се користи или ако излезете од домот на подолг временски период (особено кога деца, постари луѓе или луѓе со посебни потреби ќе останат сами во домот).
−− Насобраниот прав може да предизвика електричен удар, истекување на струја или пожар, така што поради правта кабелот за напојување може да создаде искри и топлина или, пак, изолацијата може да ги изгуби своите својства.
•Не заборавајте да се обратите во овластен сервисен центар, доколку го поставувате вашиот уред на места со многу прав, високи или ниски температури, голема влажност, хемиски супстанци и на места каде што ќе работи 24 часа, како на пример аеродром, железничка станица итн.
•Доколку не се придржувате кон ова, може да дојде до сериозно оштетување на вашиот уред.
•Користете само соодветно заземјени приклучоци и штекери.
−− Неправилното заземјување може да предизвика електричен удар или оштетување на опремата. (само опрема од класа l.)
•За да го исклучите уредот од напојување, мора да го извлечете приклучокот од штекерот, па поради тоа кабелот за напојување треба да биде лесно достапен.
•Не дозволувајте им на децата да се потпираат на уредот.
•Галантеријата (батерии итн.) треба да се складира на безбедно место кое не е на дофат на децата.
•Не поставувајте го производот на нестабилно место како што е полица која мрда, закосен под или место кое е изложено на вибрации.
•Заштитете го уредот од паѓање и не го изложувајте на удари. Ако производот е оштетен, исклучете го кабелот за напојување и обратете се во сервисен центар.
•Исклучете го кабелот за напојување од штекерот и избришете го производот со мека и сува крпа. Не користете никакви хемикалии како восок, бензен, алкохол, разредувачи, инсектициди, освежувачи на воздух, лубрикант или детергент. Тие можат да го оштетат изгледот или да ги избришат испечатените ознаки на телевизорот.
•Уредот не треба да се изложува на капки или прскање.
•Не фрлајте ги батериите во оган.
•Не ги расклопувајте, прегревајте или правете краток спој на батериите.
•Постои опасност од експлозија доколку батериите неправилно се заменат. Заменете ги само со ист или еквивалентен вид.
•ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - ЗА ДА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВА НА ПОЖАР, СЕКОГАШ ЧУВАЈТЕ ГИ СВЕЌИТЕ ИЛИ ДРУГИТЕ ИЗВОРИ НА ОТВОРЕН ОГАН ПОДАЛЕКУ ОД ОВОЈ ПРОИЗВОД.
Македонски - 2
|
| ||
|
| ||
|
|
|
|