•• По
•• По завршување на конфигурирањето на информациите за каналите ќе се прикаже пораката “Ажурирањето е завршено”, известувајќи ве дека списокот со канали е ажуриран.
✎✎ ЗАБЕЛЕШКА
•• “CI или CI+ картичка” мора да обезбедите од локалниот давател на кабелски услуги.
•• При отстранување на “CI или CI+ картичка”, внимателно извлечете ја со рацете бидејќи ако “CI или CI+ картичката” ви падне може да ја оштетите.
•• Вметнете ја “CI или CI+ картичката” во насоката која е означена на картичката.
•• Положбата на отворот за COMMON INTERFACE може да се разликува во зависност од моделот.
•• “CI или CI+ картичката” не е поддржана во некои држави и региони; проверете кај овластениот продавач.
•• Доколку имате некакви проблеми, обратете се кај давателот на услуги.
•• Вметнете “CI или CI+ картичка” која ги поддржува тековните поставувања на антената. На екранот ќе се појават изобличувања или ништо нема да се прикаже.
Отвор за Evolution Kit
(комплетот се продава одделно)
Задна страна на ТВ
Откако ќе го прикачите Evolution Kit на вашиот телевизор од Samsung, тој ќе го надгради хардверот и софтверот на телевизорот, елиминирајќи ја потребата од купување на нов телевизор. Со Evolution Kit ќе можете да продолжите да го надградувате вашиот телевизор со најновите функции и услуги кои ги нуди Samsung Electronics.
✎✎ Evolution Kit се продава одделно. Ако корисниците купат Evolution Kit кој е издаден во 2014 година или подоцна, телевизорот на корисниците може да се надгради за да одговара со верзијата на софтверот на Evolution Kit. Меѓутоа, во зависност од производот, Evolution Kit може да биде недостапен.
✎✎ Бојата и дизајнот на Evolution Kit можат да бидат различни во зависност од моделот.
Прегледување на
Вградениот
Овој телевизор има вграден водич за користење. За да го прочитате, применете еден од следните методи:
•• Отворете го менито Поддршка и изберете
•• Притиснете го копчето
•• Притиснете го копчето MORE на Smart Touch Control уредот за да се прикажат контролните копчиња на екранот. Прелистувајте на подлогата за допир с додека не се појави функцијата
✎✎ Зборовите во сина боја се однесуваат на опции од менито на екранот, а зборовите во светло сина боја се однесуваат на копчиња на далечинскиот управувач.
✎✎ Печатената верзија од овој водич е достапна и на www. samsung.com/support.
Придвижување на страница
За да ја придвижите страницата, применете еден од следните методи:
•• Притиснете го копчето или на лентата за придвижување во десниот агол на екранот.
•• Повлечете или прелистајте нагоре или надолу по линијата сместена на левата или десната страна на подлогата за допир.
•• Поставете го означувањето на копчето или во десниот агол на екранот, а потоа влечете или прелистувајте нагоре или надолу врз подлогата за допир.
Користење на горните икони
Користете ги иконите Назад, Напред, и Отворена страница, сместени во горниот лев агол на екранот, за навигација низ страници. Овие икони се достапни откако ќе прегледате две или повеќе страници.
Враќање на почетната страница
За да се вратите на почетната страница, притиснете го
копчето aили изберете во горниот десен агол од екранот.
Пребарување на индексот
Притиснете го копчето bили изберете во горниот десен агол од екранот за прикажување на индексот. Изберете некој термин и ќе се прикаже страницата која го содржи тој термин.
Пребарување на страници
Притиснете го копчето {или изберете во горниот дел од екранот за да пристапите до функцијата за пребарување. Внесете фраза која сакате да ја пребарувате и изберете Готов. Изберете некој елемент од листата со резултати од пребарувањето за да отидете до потребната страница.
Македонски
Македонски - 13
|
| ||
|
| ||
|
|
|
|