1. Прицврстете ги испорачаните адаптери за монтирање | 2. Вметнете ја завртката во средината на држачот за |
на ѕид со завртки на задната страна на телевизорот. | телевизорот, како што е прикажано на сликата. |
| Насока на прицврстување |
| Испакнати отвори |
| на држачот |
3. Прицврстете ги држачите за телевизорот на | 4. Прицврстете го држачот на ормар со помош на |
адаптерите за монтирање на ѕид, како што е | завртки за дрво. |
прикажано на сликата. |
|
Македонски
✎✎ Користете завртка со големина од M5 x L35 или поголема.
✎✎ Проверете дали кабелот на држачот е во средина на држачот од телевизорот и дали кабелот на држачот е добро оптегнат.
5.Ако го прицврстите држачот за ѕид, прикачете го на начинот што е објаснет во чекор 4. Не заборавајте да го поставите кабелот на држачот централно и добро да го оптегнете. Исто така, при прикачување на држачот, кабелот треба да биде паралелно поставен со подот или закосен надолу кон ѕидот.
✎✎ Кога ќе го прикачувате држачот на ѕидот, користете прицврстувач кој е компатибилен со материјалот на ѕидот. Доколку е можно, прицврстете ја завртката во греда од внатрешната рамка на ѕидот (препорачано).
Прицврстувач
✎✎ Поставете го телевизорот блиску до ѕидот за да не може да падне.
✎✎ Кога ќе го прикачувате кабелот од држачот за телевизорот на ѕидот, заврзете го кабелот паралелно со подот или малку пониско од највисоката точка на телевизорот, заради безбедносни причини.
✎✎ Погледнувајте го кабелот повремено за да проверите дали е прицврстен.
✎✎ Пред да го поместите телевизорот, прво откачете го кабелот со кој е прицврстен.
6.Проверете дали сите поврзувања се соодветно прицврстени. Проверувајте ги поврзувањата повремено заради можно разлабавување или неисправност. Доколку се сомневате во безбедноста на вашето поврзување, обратете се до професионален монтер.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
Ако телевизорот не е поставен на стабилно место, тој може да падне и да предизвика сериозни повреди. За да спречите повреди, особено кај децата, земете ги предвид овие едноставни безбедносни мерки:
•• Користете ормари или масички кои ги препорачува производителот на телевизорот.
•• Користете само мебел кој може безбедно да го држи телевизорот.
•• Проверете дали телевизорот виси на работ од мебелот на кој е поставен.
•• Не го поставувајте телевизорот на висок мебел (на пример, ормари или полици) без да го прицврстите и мебелот и телевизорот на соодветна подлога.
•• Не го ставајте телевизорот врз парчиња ткаенини и не ставајте слични материјали помеѓу телевизорот и мебелот на кој е поставен.
•• Поучете ги децата за опасностите од качување врз мебелот за да го достигнат телевизорот или неговите копчиња.
Македонски - 23
|
| ||
|
| ||
|
|
|
|