Користење на Smart Touch Control
Копчето MIC се користи за давање на команди за Распознавање на глас. Едноставно притиснете го копчето VOICE˜.
✎Распознавање на глас Функцијата може да зависи од нејасно изговарање, нивото на глас или опкружувачкиот шум.
Вклучете го и исклучете го сателитскиот или кабелскиот
VOICE˜
Изговорете ја гласовната команда и внесете текст со помош на вашиот глас.
Менување на канали.
Прикажува виртуелен далечински управувач на екранот. Погледнете го поглавјето,
Контролирање на телевизорот > Користење на виртуелниот далечински управувач.
Притиснете и задржете го копчето MORE за да ја изберете саканата функција (на пр.
MENU (m), TOOLS (T), INFO (`), итн.) на едноставен начин.
Подлога за допир
• Влечете го прстот врз подлогата за допир за да го поместите означувањето низ екранот.
• Притиснете на подлогата за допир за извршување, активирање или избирање на означениот елемент.
• Притиснете и задржете на подлогата за допир за прикажување на Список со канали.
Погледнете го распоредот на програмата за секој дигитален канал, вклучувајќи ги и времињата на емитување. Покрај тоа, можете да ја поставите функцијата за Закажување гледање или Закаж. на снимање со помош на подлогата за допир и да гледате програми кои треба да се емитуваат подоцна.
Ги прикажува апликациите од услугата Smart Hub. Погледнете го поглавјето Интелигентни функции на телевизорот > Smart Hub, во
✎За едноставно излегување од апликација која е активна, притиснете го копчето ™.
За да можете да ракувате со телевизорот со помош на Smart Touch Control, прво мора да го впарите со телевизорот преку Bluetooth. Имајте предвид дека Smart Touch Control е достапен само кога е впарен со телевизор од Samsung.
✎Ви препорачуваме да користите Smart Touch Control на растојание до 6m. Растојанието до кое може да се користи уредот може да се разликува во зависност од условите во безжичното опкружување.
1. Кога телевизорот е исклучен, насочете го Smart Touch Control кон приемникот за далечинскиот управувач на телевизорот и притиснете го копчето на телевизорот за да започнете со првото впарување. Само ова копче испраќа IR сигнал. Положбата на приемникот за далечинскиот управувач е различна во зависност од моделот.
2. Во долниот лев агол од екранот ќе се појави икона за Bluetooth како што е прикажано подолу. Тогаш телевизорот автоматски ќе се обиде да се поврзе со Smart Touch Control уредот.
<Икони за обид за поврзување и завршување>
Повторно поврзување на Smart Touch Control
<Копче за впарување на Smart Touch Control>
Ако Smart Touch Control престане да функционира или започне да работи неправилно, заменете ја батеријата бидејќи сето тоа може да биде предизвикано од недоволна енергија во батеријата. Ако проблемот не се отстрани, притиснете го копчето PAIRING на Smart Touch Control за повторно да извршите впарување со телевизорот. Копчето PAIRING не може да се користи без да го отстраните капакот на батеријата на Smart Touch Control. На растојание од 30cm до 4m, насочете го Smart Touch Control кон приемникот на телевизорот и притиснете го копчето PAIRING. По завршување на впарувањето, во долниот лев агол на ТВ екранот ќе се појави сликичка за успешно впарување.
Македонски - 5
Македонски