Еко сензор и осветленост на екранот
Еко сензорот ја мери светлината во вашата соба и автоматски ја оптимизира осветленоста на телевизорот за да ја намали потрошувачката на енергија. Тоа предизвикува автоматско осветлување и затемнување на телевизорот. Ако сакате да ја исклучите оваа функција, одете во Мени на екран > Систем > Еко решение > Еко сензор
Не го блокирајте сензорот со никакви предмети. Тоа може да предизвика намалување на осветленоста на сликата.
1.Еко сензор: Оваа функција која заштедува енергија автоматски ја прилагодува осветленоста на екранот на телевизорот според интензитетот на амбиенталната светлина која ја одредува сензорот за осветленост.
2.За активирање или деактивирање на функцијата Еко сензор, одете во Мени на екран > Систем > Еко решение > Еко сензор и изберете Вкл или Иск.
3.Внимавајте: Ако сметате дека екранот е премногу темен додека гледате телевизија во темна просторија, за тоа може да е одговорна функцијата Еко сензор.
Совети за заштита – Безбедносно прицврстување на телевизорот за ѕид
Внимание: Повлекувањето, туркањето или качувањето на телевизорот може да предизвика паѓање на телевизорот. Особено внимавајте вашите деца да не се држат за телевизорот и да не го дестабилизираат. Ова може да доведе до превртување на телевизорот, предизвикувајќи сериозни повреди или смрт. Придржувајте се до сите безбедносни мерки кои се наведени во безбедносниот леток кој се испорачува со вашиот телевизор. За дополнителна стабилност и безбедност, може да го купите и инсталирате системот против паѓање како што е опишано подолу.
Поставување на комплетот со држач за телевизорот:Држач за телевизорДржачЗавртки (M8 X L28), 2 парчиња
| Македонски - 22 | |||
|
|
| ||
|
|
| ||
|
|
| ||
|
|
|
|
|