МАКЕДОНСКИ

Уредите не се предвидени да бидат контролирани од надворешни тајмери или одделни системи за далечинска контрола.

Не сипувајте или прскајте вода директно на печката.

Не ставајте предмети на печката, во нејзината внатрешност или на нејзината врата.

Немојте да прскате испарливи материјали како инсектициди на површината од печката.

Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот

Овој уред не е наменет за инсталирање во возила од типот на комби, каравани и слично.

Не ставајте запаливи материјали во печката. Обрнете посебно внимание при загревање на храна или пијалоци кои содржат алкохол бидејќи алкохолната пареа може да дојде во контакт со некој жежок дел од печката.

Микробрановата печка е наменета за користење единствено на работна маса во кујна и таа не смее да се поставува во витрина.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и неговите достапни делови може да се загреат за време на употребата. Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови. Децата на возраст помала од 8 години не треба да бидат во близина, освен под постојан надзор.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Дозволена е употреба од страна на деца без надзор единствено во случај кога се дадени соодветни инструкции за детето да може да ја користи печката на безбеден начин и доколку ја разбира опасноста од неправилна употреба.

Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку истите се надгледуваат или им се дадат инструкции за користење на уредот на безбеден начин и им се објаснат можните опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не треба да го вршат деца без соодветен надзор.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или делот за затворање се оштетени, печката не треба да се употребува сè додека не се поправи од страна на квалификувано лице.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ризично е лицата кои не се компетентни да вршат сервис или поправка со отстранување на капакот кој овозможува заштита од микробрановата енергија.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Исклучете го уредот пред замената на светилката за да се избегне можноста од електричен удар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течностите и останатата храна не смеат да се загреваат во затворени садови за да не дојде до експлозија.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови може да се загреат за време на употребата. За да избегнете изгореници не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Загревањето на течности во печката може да доведе до задоцнето вриење, затоа внимавајте кога ракувате со садот; За да се заштитите во ваква ситуација СЕКОГАШ оставете време од 20 секунди откако печката ќе се исклучи за да може температурата да се изедначи. Промешајте за време на загревањето, доколку е потребно, и СЕКОГАШ промешајте по загревањето.

Во случај на изгореници, следете ги овие инструкции за ПРВА ПОМОШ:

Изгорената површина потопете ја во ладна вода најмалку 10 минути.

Покријте ја со чиста, сува крпа.

Не ставајте креми, масла или лосиони.

За време на употребата апаратот се загрева. Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови во печката.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Содржината на шишињата и тегличките со храна за деца треба да се промешаат или протресат и да се провери температурата пред употребата, за некој да не се изгори;

Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.

8

GS89F_BOL_03817F-MK.indd 8

2011-02-14 ￿￿ 1:36:27

Page 80
Image 80
Samsung GS89F-1S/BOL manual Македонски