функции
Класична рерна
Топлината ја произведуваат системите за горно и долно греење. Оваа функција треба да се користи за стандардно печење на речиси сите видови јадења.
Препорачлива температура: 200 °C
Конвекција
Топлината генерирана со конвекција се распространува рамномерно во рерната со помош на вентилатори. Оваа функција треба да се користи за замрзнати јадења и за печење. Препорачлива температура: 170 °C
Горно греење + конвекција
Топлината генерирана со системот за горно греење и конвекција се распространува рамномерно во рерната со помош на вентилатори. Оваа функција се употребува за потпекување на јадења, на пример за месо.
Препорачлива температура: 190 °C
Долно греење + конвекција
Топлината генерирана со системот за долно греење и конвекција се распространува рамномерно во рерната со помош на вентилатори. Оваа функција треба да се користи за пици, леб и торти.
Препорачлива температура: 190 °C
Голем грејач
Топлината ја произведува површината на големиот грејач. Оваа функција треба да се користи за фестонирани јадења како лазањи или за печење месо.
Препорачлива температура: 240 °C
Вентилатор + грејач
Топлината која ја генерираат двете горни грејни тела се дистрибуира со помош на вентилаторот. Овој режим може да се користи за печење месо и риба. Препорачлива температура: 240 °C
Интензивна топлина
Овој режим наизменично ги активира сите грејни тела, како што е горното грејно тело, долното грејно тело и вентилаторот. Топлината подеднакво се дистрибуира во рерната. Овој режим е соодветен за големи количини на храна, која треба постојано да се загрева, како што се големи гратини и пити.
Препорачлива температура: 170 °C
употреба на режимот за готвење
01 Изберете режим на готвење
Завртете го вртливото копче за ракување за да ја изберете саканата функција на рерната.
02 Поставување на температурата
Завртете го вртливото копче за избирање за да ја примените саканата температура.
03 Потврдување на температурата
Притиснете го копчето за Температура за да ја поставите саканата температура.
14_функции
11/03/2013 16:06:53