Сад за печење (изборно)

Садот (рамен) за печење може да се употребува за подготвување на торти, колачи и други видови на слатки. Ве молиме ставете ја закосената страна свртена нанапред.

Сад за капење (изборно)

(Длабокиот) сад за капење е погоден при печење. Тој може да се користи во комбинација со малата решетка за спречување на капењето на течностите на дното од рерната. Ве молиме ставете ја закосената страна свртена нанапред.

Дополнителен сад за капење (изборно)

Дополнителниот сад за капење е одличен за големи количини на храна. Ве молиме ставете ја закосената страна свртена нанапред.

Ражен за скара (опционално)

Раженот за скара може да се користи за печење на живина како кокошки. Раженот за скара може да се користи само во единечен режим во отворот за решетка 3, бидејќи раженот мора да се прикачи на адаптерот на задната страна. Отстранете ја црната рачка додека готвите.

Прибор за ражен и набодување (опционално) За да го употребите:

Ставете ја длабоката тава (не триножник) на ниво 1 за да го собирате сокот од готвењето, или на дното од рерната доколку парчето месо кое го печете е големо.

Ставете една од вилушките на раженот; ставете го месото за печење на раженот;

Околу работ на длабоката тава може да се постави подварен варен компир и зеленчук, за истовремено печење.

Поставете ја рамката на средната полица при што обликот “v” ќе биде завртен кон вас.

За полесно вметнување на раженот, можете да ја зашрафите рачката на тапиот дел.

Ставете го раженот на рамката со шилестиот крај кон задната страна и нежно турнете додека врвот од раженот влезе во механизмот за вртење на задната страна од рерната. Тапиот крај од раженот треба да лежи на делот со “v” облик. (Раженот има две дршки кои треба да се блиску до вратата од рерната за да спречат раженот да се придвижи нанапред, со тоа што тие служат и за прицврстување на рачката.)

Пред готвењето одвртете ја рачката. По готвењето повторно завртете ја рачката за полесно да го извадите раженот од рамката.

Телескопски шини со лизгачи (опционално)

За вметнување на решетка или тава за печење, првин извлечете ги

телескопските шини за соодветното ниво.

Поставете ги садот или тавата на шините и целосно бутнете ги во рерната.

Вратата од рерната затворете ја единствено откако ќе ги бутнете телескопските шини во рерната

12_додатоци

NV6323BGSSR_OL_DG68-00496D_MK.indd 12

11/03/2013 16:06:52

Page 36
Image 36
Samsung NV6323BGSSR/OL manual Сад за печење изборно, Сад за капење изборно, Дополнителен сад за капење изборно