ФУНКЦИЈА ЗА АВТОМАТСКО ЗАШТЕДУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈА
•Ако не изберете ниту една функција додека уредот ја поставува или се наоѓа во состојбата на привремено прекинување, функцијата ќе биде откажана и по 10 минути ќе се прикаже часовникот.
•Светилка: Во текот на готвењето, со притиснување на копчето за "Светилка на рерната" можете да ја исклучите светилката во рерната. Со цел да заштедите енергија, осветлувањето на рерната се исклучува неколку минути по започнување на готвењето.
ПРАВИЛНО ДЕПОНИРАЊЕ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД (ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА)
(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)
Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.
Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите
иусловите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.
инсталирање_9
с инл таирање
11/03/2013 16:06:51