Не расклопувајте, менувајте и не поправајте го Вашиот уред

Какви било промени или изменувања може ја поништуваат гаранцијата на производителот. Ако Вашиот уред треба да се сервисира, однесете го во Сервисниот центар на Samsung.

Не расклопувајте и не дупчете ја батеријата затоа што тоа може да предизвика експлозија или пожар.

Не го обојувајте уредот и не ставајте лепенки врз него

Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните делови и да го спречат правилното работење. Ако сте алергични на боја или метални делови од уредот, може да почувствувате чешање, егзема или натекување на кожата. Ако дојде до тоа, престанете со употреба на уредот и консултирајте се со Вашиот лекар.

Кога го чистите Вашиот уред:Избришете го уредот или полначот со крпа или со гума.Исчистете ги контактите на батеријата со памучно топче или крпа.Не користете хемикалии или детергенти.Уредот не се користи доколку екранот е оштетен или искршен

Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите раце и лице. Однесете го уредот во сервисниот центар на Samsung за да биде поправен.

Користете го уредот само за неговата наменета употребаИзбегнувајте да ги вознемирувате другите кога го користите уредот во јавностНе дозволувајте деца да го користат Вашиот уред

Вашиот уред не е играчка. Не дозволувајте деца да играат со него бидејќи може да се повредат себе си и другите, или да го оштетат уредот.

Инсталирајте го мобилниот уред и опремата со внимание

Проверете дали сите мобилни уреди или соодветната опрема инсталирана во Вашето возило се безбедно вградени.

Избегнувајте да го поставувате уредот и дополнителната опрема во близина на или во делот за воздушното перниче. Неправилно инсталираната безжична опрема може да предизвика сериозни повреди кога воздушните перничиња ќе се напумпаат нагло.

Македонски

277