ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сериозни предупредувања во однос на чистењето

Немојте да го чистите уредот со директно прскање на вода. За чистење на уредот немојте да користите бензол, разредувач или алкохол.

-Ова може да предизвика обезбојување, деформирање, оштетување, електричен удар или пожар.

Пред чистење или одржување, исклучете го апаратот од ѕидниот штекер и отстранете ги остатоците храна од вратата и одделот за готвење.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

Не употребувајте јаки абразивни средства или остри метални жици за чистење на стаклото од вратата на печката кои може да го оштетат и да придонесат тоа да се скрши.

Не сушете весници или облека во микробрановата печка.

Заради ваша безбедност, немојте да користите уреди за чистење со вода со висок притисок или пареа.

За време на чистењето, површините може да се загреат повеќе од вообичаено, па затоа не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина. (само при чистење)

Истурената храна мора да се отстрани пред чистењето и треба да се внимава кои садови може да се остават во рерната за време на чистењето. (само при чистење)

ВНИМАНИЕ Мерки на претпазливост при чистењето

Чистете ја печката редовно и отстранете ги сите остатоци од храна.

Неодржувањето на печката во чиста состојба може да ја оштети површината и да го расипе уредот или да предизвика несакани опасни ситуации.

Внимавајте да не се повредите при чистењето на уредот (надворешно/внатрешно).

-Можете да се повредите на острите рабови од уредот. Немојте да користите уреди за чистење со пареа.

-Ова може да предизвика корозија.

МЕРКИ ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ НА МОЖНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ПРЕКУМЕРНА МИКРОБРАНОВА ЕНЕРГИЈА

Непридржувањето кон следните безбедносни мерки може да доведе до штетно изложување на микробранова енергија.

(a)Под никакви околности не употребувајте ја печката со отворена врата, не расипувајте ги безбедносните брави (шарките од вратата) и не ставајте ништо во отворите од безбедносните брави.

(b)Не поставувајте предмети помеѓу вратата на печката и предниот дел и не дозволувајте да има храна или талог на делот за затворање. Вратата и површината за затворање одржувајте ги чисти со бришење после секоја употреба, прво со влажна, а потоа со мека, сува крпа.

(c)Не употребувајте ја печката ако е оштетена сè додека не се поправи од страна на квалификуван сервисер обучен од производителот. Многу е важно вратата на печката да се затвора правилно и да нема оштетувања на:

(1) Вратата (искривување)

(2) Шарките од вратата (скршени или лабави)

(3) Вратата и површината за затворање

(d)Печката не треба да се прилагодува или поправа од никој друг освен од страна на квалификуван сервисер обучен од производителот.

Овој производ спаѓа во Група 2 Класа B ISM опрема. Дефиницијата за групата 2 ја опфаќа целата ISM опрема кај која радио-фреквентната енергија намерно се генерира и/или користи во форма на електромагнетно зрачење заради третман на материјалите, како и EDM и опремата за електрично заварување. Во опремата од Класа B спаѓа опрема која е погодна за користење во домаќинствата и институциите кои се директно поврзани на електрична мрежа со низок напон со која се снабдуваат зградите заради користење во домаќинствата.

МАКЕДОНСКИ

11

GW73V_BOL-03416M_MK.indd 11

2010-05-20 ￿￿ 7:48:40

Page 47
Image 47
Samsung GW73V/BOL manual Внимание Мерки на претпазливост при чистењето, Ова може да предизвика корозија