Безбедносни информации
•Пред да го користите новиот Samsung фрижидер, целосно прочитајте го упатството за да се осигурате дека сте запознаени со тоа како безбедно и ефективно да ракувате со карактеристиките и функциите на новиот уред.
•Овој уред не е наменет да го користат лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички, сензорски или ментални способности или лица без искуство и знаење, освен ако се под надзор и имаат добиено упатства за користење на уредот од страна на лицето коешто е одговорно за нивната безбедност.
•Уредот може да го користат деца постари од 8 години, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку бидат надгледувани или им се дадени упатства за користење на апаратот на безбеден начин и доколку им се објаснат можните опасности. Децата не смеат да си играат со уредот. Децата не смеат да го чистат и да го одржуваат уредот без надзор.
•Предупредувањата и важните безбедносни совети во ова упатство не ги покриваат сите можни услови и ситуации до коишто може да дојде.
Ваша одговорност е да применувате здрав разум, внимание и грижливост при инсталирање, одржување и ракување со уредот.
•Поради тоа што следните упатства за ракување опфаќаат повеќе модели, карактеристиките на фрижидерот може малку да се разликуваат од оние опишани во ова упатство и може да не важат сите предупредувачките симболи. Доколку имате прашања или недоумици, обратете се во најблискиот сервисен центар или побарајте помош и информации на интернет на www.samsung.com.
•Како разладно средство се користат
•За да избегнете создавање на запалива мешавина од гас и воздух во случај на појава на протекување во колото на разладното средство, големината на просторијата во којашто апаратот може да биде поставен зависи од искористеното количество на разладно средство.
информации Безбедносни
Македонски 3
|
| ||
|
| ||
|
|
|
|