Децата треба да бидат под надзор за да бидете сигурни дека не си играат со сигурносните прстени коишто се користат за приспособување на вратата или со штипките за цевките за вода.

-- Постои смртна опасност од задушување ако детето проголта сигурносен прстен или штипка за цевка за вода. Држете ги сигурносните прстени и штипките за цевки за вода надвор од дофат на деца.

Фрижидерот мора да биде заземјен од безбедносни причини.

-- Секогаш проверете дали сте го заземјиле фрижидерот пред да се обидете да прегледувате или поправате кој било дел од уредот. Истекувањата на струја може да предизвикаат сериозен електричен удар.

Никогаш не употребувајте гасни цевки, телефонски линии или други потенцијални електрични спроводници за заземјување.

-- Мора да го заземјите фрижидерот за да спречите губиток на струја или струјни удари предизвикани од протекување на струја од фрижидерот.

-- Тоа може да доведе до струен удар, пожар, експлозија или проблеми со производот.

Цврсто вметнете ја приклучницата во ѕидниот приклучок. Не употребувајте оштетена приклучница, оштетен кабел или лабав ѕиден приклучок.

-- Тоа може да доведе до струен удар или пожар.

Ако струјниот кабел е оштетен, веднаш повикајте ги производителот или еден од претставниците на сервисниот центар да го заменат.

Осигурувачот на фрижидерот мора да го заменат квалификуван техничар или сервисна компанија.

-- Во спротивно, може да дојде до струен удар или телесна повреда.

информации Безбедносни

Македонски 9 

Untitled-20 9

 

 

2016-03-17 ￿￿ 5:46:37