•Цревото за довод на вода мора да го поправа квалификувано професионално лице. Доколку забележите истекување на водата, контактирајте со локалниот сервисен центар на Samsung или со инсталатерот на цревото за довод на вода.
За да го монтирате прочистувачот на своето место
1. Прикачете ги штипките за прицврстување (x2) на нивните соодветни позиции под лавабото, на пример. Потоа, добро затегнете ги штипките за прицврстување со помош на завртките.
ВНИМАНИЕ
Немојте да го монтирате прочистувачот на кој било дел од фрижидерот. Ова може да го оштети фрижидерот.
2. Вметнете го прочистувачот во горната и долната штипка во правилната насока. Проверете ја вертикалната насока на прочистувачот.
За да го поврзете цревото за довод на вода со фрижидерот
1. Отстранете го капакот на компресорот од фрижидерот.
2. Поврзете го цревото за довод на вода со вентилот. Погрижете се да нема истекување на водата.
3. Затворете го капакот на компресорот.
Инсталирање
Македонски 35
|
| ||
|
| ||
|
|
|
|