Операции

Операции

Специјални функции

Фрижидерот содржи уреди кои се практични за корисникот од кои можете да извлечете придобивки.

Диспензер за вода (само кај одредени модели)

Со диспензерот за вода може да наточите вода без да ја отворите вратата на фрижидерот. Диспензерот има две рачки: лева рачка за мраз и десна за вода.

Кога ќе биде овозможен апаратот за правење мраз, 1. Ставете чаша на левата рачка и притиснете ја

рачката. Од диспензерот ќе излезе мраз.

2. Ставете ја чашата на десната рачка и притиснете ја рачката. Од диспензерот ќе излезе вода.

ЗАБЕЛЕШКА

За да спречите истекување, почекајте 2 секунди пред да ја тргнете чашата по точењето.

Диспензерот ќе запре со точењето доколку непрекинато ја држите рачката од диспензерот во траење од 1 минута. За да наточите повеќе вода, отпуштете ја и повторно притиснете ја рачката.

Проверете дали чашата е паралелна со диспензерот за да се спречи истекување на водата.

Ако не го користите диспензерот за вода 2-3 дена, добиената вода може да има чуден мирис и вкус. Ова не значи дека системот е дефектен. Фрлете ги првите 1-2 чаши вода.

Правење на мраз (само кај одредени модели)

Ротирачки апарат за правење на мраз

1. Отворете ја вратата на замрзнувачот и извлечете ја чинијата за мраз.

2. Наполнете ја чинијата со вода до максималното ниво (А) означено на внатрешниот заден дел на чинијата.

3. Вметнете ја чинијата назад на место.

A

48 Македонски

Untitled-20 48

 

 

2016-03-17 ￿￿ 5:46:45