Безбедносни информации

информации Безбедносни

Опомени при инсталација

ВНИМАНИЕ

Оставете доволно простор околу фрижидерот и инсталирајте го на рамна површина.

-- Доколку фрижидерот не е поставен на рамна површина, ефикасноста на ладењето и издржливоста може да се намалат.

-- Не дозволувајте да се затнат отворите за вентилација во оградениот дел на уредот или во монтажната конструкција.

Оставете го уредот да стои 2 часа пред да ставате храна по инсталацијата и вклучувањето.

Препорачуваме квалификуван техничар или сервисна компанија да го инсталира фрижидерот.

-- Во спротивно, може да дојде до струен удар, пожар, експлозија, проблеми со производот или повреда.

Критични знаци на предупредување при употреба

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Не вклучувајте ја приклучницата во ѕиден приклучок со влажни раце. -- На тој начин може да дојде до струен удар.

Не чувајте предмети на горната страна на уредот.

-- Кога ја отворате или затворате вратата, предметите може да паднат и да предизвикаат телесна повреда и/или материјална штета.

Не ставајте раце, стапала или метални предмети (како стапчиња за јадење) во долниот или задниот дел од фрижидерот.

-- Тоа може да доведе до струен удар или повреда.

-- Острите рабови може да предизвикаат телесни повреди.

Не допирајте ги со влажни раце внатрешните ѕидови на замрзнувачот или производите што се чуваат во него.

-- Ова може да предизвика смрзнатини.

10 Македонски

Untitled-2010

 

 

2016-03-17 ￿￿ 5:46:37