информации Безбедносни

Безбедносни информации

Пред да се користи, овој фрижидер мора прописно да биде поставен и инсталиран во согласност со упатството.

Приклучете ја приклучницата во правилна положба, така што кабелот ќе виси надолу.

-- Ако ја приклучите приклучницата наопаку, жицата може да се откачи и да предизвика пожар или струен удар.

Погрижете се приклучницата да не е смачкана или оштетена со задната страна на фрижидерот.

Чувајте ги материјалите од амбалажата подалеку од децата.

-- Постои смртна опасност од задушување ако детето го стави материјалот од пакувањето на главата.

Уредот мора да се постави на тој начин што приклучницата ќе биде достапна и по инсталацијата.

-- Во спротивно, може да дојде до струен удар или пожар поради протекување на струјата.

Не инсталирајте го уредот на влажна, маслена или правлива локација или на локација изложена на директно сонце и вода (капки дожд).

-- Оштетената изолација на деловите на електричната инсталација може да предизвика струен удар или пожар.

Ако во фрижидерот има прав или вода, извлечете ја приклучницата и јавете се во сервисниот центар на Samsung Electronics.

-- Во спротивно, постои опасност од пожар.

Не качувајте се врз уредот и не ставајте предмети врз него (алишта, запалени свеќи, запалени цигари, садови, хемикалии, метални предмети, итн.).

-- Ова може да предизвика струен удар, пожар, проблеми со производот или повреда.

Треба да ја отстраните целата заштитна пластична обвивка пред да го приклучите производот за прв пат.

8 Македонски

Untitled-20 8

 

 

2016-03-17 ￿￿ 5:46:37