Инсталирање

Инсталирање

ЧЕКОР 4 Приспособете ги ногарките за нивелирање

ВНИМАНИЕ

Фрижидерот мора да биде поставен на рамен, цврст под. Во спротивно, може да дојде до оштетување на фрижидерот или до физичка повреда.

Нивелирањето мора да се изврши со празен фрижидер. Погрижете се да не остане храна во фрижидерот.

Од безбедносни причини, прилагодете ја предната страна малку повисоко од задната страна.

Фрижидерот може да се нивелира со помош на задните ногарки кои имаат специјални завртки (нивелатори) наменети за нивелирање. Користете рамен шрафцигер за нивелирањето.

За да ја прилагодите висината на страната на замрзнувачот:

Вметнете го рамниот шрафцигер во нивелаторот на задната ногарка од страната на замрзнувачот. Завртете го нивелаторот во правец на стрелките на часовникот за подигнување, или пак спротивно од стрелките на часовникот за спуштање.

За да ја прилагодите висината на страната на фрижидерот:

Вметнете го рамниот шрафцигер во нивелаторот на задната ногарка од страната на фрижидерот. Завртете го нивелаторот во правец на стрелките на часовникот за подигнување, или пак спротивно од стрелките на часовникот за спуштање.

30 Македонски

Untitled-2030

 

 

2016-03-17 ￿￿ 5:46:39