Не употребувајте оштетена или Литиум-јонска (Li-Ion) батерија што истекува

За безбедно фрлање во отпад на Вашата литиум-јонска батерија, контактирајте го Вашиот најблизок овластен сервисен центар.

Внимание

Доколку не се придржувате до безбедносните предупредувања и прописи, може да настанат повреди или оштетување на имотот

Не користете го уредот во близина на други електронски уреди

Повеќето електронски уреди користат радио-фреквентни сигнали. Вашиот уред може да предизвика пречки во работата на другите електронски уреди.

Не користете го уредот во болница, во авион, или во автомобилска опрема затоа што може да предизвика пречки во нивната радио-фреквенција

Ако е можно, избегнувајте користење на Вашиот уред во близина од 15 см до пејсмејкер, затоа што уредот може да предизвика пречки во работата на пејсмејкерот.

За да ги доведете до минимум пречките со пејсмејкер, користете го Вашиот уред само на спротивната страна на Вашето тело од пејсмејкерот.

Доколку користите медицинска опрема, контактирајте го производителот на опремата пред да го користите уредот за одредување дали опремата ќе биде под влијание на радио-фреквенцијата емитувана од уредот.

Македонски