Не користете го уредот на места каде што се полни гориво (бензиски станици), во близина на горива или хемикалии, или во области каде што се врши рушење со експлозиви.

Не чувајте и не пренесувајте запаливи течности, гасови или експлозивни материјали во истиот простор каде што се наоѓа уредот, неговите делови или дополнителниот прибор.

Ако забележите чуден мирис или звуци што доаѓаат од Вашиот уред или батерија, или ако забележите чад или протекување на течности од уредот или батеријата, престанете со користење на уредот веднаш и однесете го во сервисен центар на Samsung

Во спротивно може да дојде до пожар или експлозија.

Придржувајте се кон сите безбедносни предупредувања и прописи коишто се однесуваат на употребата на Вашиот уред додека возите

Додека возите, Вашата прва одговорност е безбедното управување со возилото. Никогаш не користете го Вашиот уред додека возите, ако тоа е забрането со закон. За Вашата безбедност и безбедноста на другите, користете го Вашиот здрав разум и запомнете ги следниве совети:

Поставете го Вашиот уред да биде лесно достапен. Осигурете се дека имате пристап до Вашиот безжичен уред без да го оттргнете погледот од патот. Ако примате дојдовен повик во незгодно време, оставете да одговори говорната пошта наместо Вас.

Откажете ги повиците во густ сообраќај или во опасни временски услови. Дожд, лапавица, снег, мраз и густ сообраќај може да бидат опасни.

Не пишувајте белешки и не барајте телефонски броеви. Пишување на листата со задачи или листањето по Вашиот адресар го одзема Вашето внимание од Вашата примарна одговорност за безбедност при возењето.

Македонски