Бидете внимателни кога го користите уредот при пешачење или кога сте во движење

Секогаш бидете свесни за Вашето опкружување за да избегнете повреди кај Вас и кај другите.

Бидете внимателни кога го отстранувате уредот од себе

Не носете го уредот премногу цврсто. Не заборавајте да го одржувате уредот чист и сув. И покрај тоа што овој уред ги исполнува меѓународните барања за безбедност, некои луѓе може да почуствуваат дразнење на кожата, ако се алергични на одредени супстанции.

Не бојте го уредот и не ставајте лепенки врз него

Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните делови и да го спречат правилното работење.

Ако сте алергични на боја или метални делови од уредот, може да почувствувате чешање, егзема или натекување на кожата. Ако дојде до тоа, престанете со употреба на уредот и консултирајте се со Вашиот лекар.

Не користете го уредот ако е напукнат или скршен

Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите раце и лице. Однесете го уредот во сервисниот центар на Samsung за да биде поправен.

Не испуштајте го уредот и не предизвикувајте удари на уредот

Вашиот уред може да се оштети или да не функционира правилно.

Ако е искривен или деформиран, Вашиот уред може да биде оштетен и некои делови може да не функционираат.

Македонски