Уредот може да се употребува на места со амбиентална температура од 0 °C до 35 °C. Можете да го складирате уредот на амбиентална температура од
•Не чувајте го Вашиот уред во многу топли простории како на пример во автомобил летно време. Во спротивно може да дојде до неправилно функционирање на екранот, оштетување на уредот или експлодирање на батеријата.
•Не изложувајте го уредот на директна сончева светлина подолго време (на пример, на контролната табла во автомобилот).
Не чувајте го Вашиот уред заедно со метални предмети, како монети, клучеви и накит
•Вашиот уред може да се изгребе или да не функционира правилно.
•Доколку контактите на батеријата дојдат во допир со метални предмети, може да настане пожар.
Не чувајте го Вашиот уред во близина на магнетни полиња
•Вашиот уред може да се оштети или батеријата може да се испразни од изложувањето на магнетни полиња.
•Магнетните картички, вклучувајќи ги кредитните картички, телефонските картички, штедните книшки и картичките за интернат можат да бидат оштетени од магнетните полиња.
Македонски