СТРОГИ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА ПРЕВОЗ И ПОСТАВУВАЊЕ

• Кога се транспортира и вградува уредот, треба да се води сметка да не се оштетат деловите од разладувачкиот систем.

-- Ако течноста за разладување протекува од системот на цевки, таа може да се запали или да предизвика повреда на окото. Ако забележите течење, неколку минути избегнувајте отворен пламен или потенцијални извори на палење во собата каде што стои уредот.

-- Овој уред содржи изобутанска течност за разладување (R-600a), природен гас со висока компатибилност со околината, но кој е исто така запаллив. Кога се транспортира

ивградува уредот, треба да се води сметка да не се оштетат деловите од разладувачкиот систем.

04_ безбедносни информации

СТРОГИ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ ЗА ВГРАДУВАЊЕ

Пропаднатата изолација на електричните делови може да предизвика електричен удар или пожар.

Не го поставувајте ладилникот на директна сончева светлина и не го изложувајте на топлина од шпорети, собни греалки или други уреди.

Не вклучувајте повеќе уреди на иста повеќекратна утичница. Ладилникот секогаш треба да биде вклучен во своја самостојна електрична утичница која има напон кој одговара на напонот на ладилникот.

-- Ова обезбедува најдобри перформанси и спречува преоптеретување на куќните електрични водови, што може да предизвика пожар од прегреаните жици.

Ако утичницата е лабава, не го вклучувајте приклучокот.-- Постои ризик од електричен удар или пожар.

Не користете кабел кој има пукнатини или оштетувања од абразија по должината на кабелот или на краевите.

DA68-02833L-08.indb 4

2014. 1. 9. �� 4:04