безбедносни информации

БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

Пред употреба на уредот, ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство и сочувајте го за референца.

Употребувајте го овој уред само за неговата предвидена намена како што е наведено

во ова упатство. Овој уред не е наменет за употреба од лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички, чулни или ментални способности, или недостаток на искуство и знаење, освен ако се под надзор или обука за употреба на овој уред од страна на лице одговорно за нивната безбедност.

Предупредувањата и важните безбедносни информации во ова упатство не ги покриваат сите можни услови и ситуации кои може да настанат. Ваша одговорност е да користите здрав разум, внимание и грижа при вградување, одржување и употреба на уредот.

Бидејќи следните упатства за употреба покриваат различни модели, карактеристиките на вашиот ладилник може

02_ безбедносни информации

малку да се разликуваат од оние што се опишани во ова упатство. R-600a или R-134a се користи како течност за разладување. Проверете ја ознаката на компресорот во задниот дел од уредот или на плочката внатре во ладилникот за да видите која течност за разладување се користи во вашиот ладилник. Кога производот користи запаллив гас (Течност за разладување

R-600a), контактирајте ја вашата локална власт заради безбедно отстранување на овој производ.

Доколку дојде до протекување, а со цел да се избегне создавање на запаллива мешавина на гас и воздух, големината на собата во која уредот може да се постави зависи од количината на течноста за разладување.

Никогаш не вклучувајте уред кој има било какви знаци на оштетување. Доколку се сомневате, консултирајте го вашиот продавач. Собата во која е поставен ладилникот мора да биде со 1 m3 волумен за секои

8 g од течноста за разладување

DA68-02833L-08.indb 2

2014. 1. 9. �� 4:04