Граници на собната температура

Овој ладилник/замрзнувач е создаден да работи во околина со температури специфицирани според класата за температура обележана на плочката.

Класа

Симбол

Опсег на собната температура (°C)

 

IEC 62552 (ISO 15502)

 

 

 

 

 

Продолжена умерена

SN

+10 до +32

 

 

 

Умерена

N

+16 до +32

 

 

 

Суптропска

ST

+16 до +38

 

 

 

Тропска

T

+16 до +43

 

 

 

Внатрешните температури можат да бидат под влијание на фактори како локација на ладилникот, собната температура и фреквенцијата на отворање на вратата. Прилагодете ја температурата како што е предвидено за да ги компензирате овие фактори.

Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема)

(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)

Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.

Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.

Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.

Omladinskih brigada 90v,

11070 Novi Beograd Serbia Samsung Electronics Adriatic

Tel: 023 207 777

www.samsung.com

DA68-02833L-08.indb 32

2014. 1. 9. �� 4:05