Не го вградувајте овој уред во близина на греач или запаллив материјал.

Не го монтирајте овој уред на влажна, мрсна или правлива локација, на локација изложена на директна сончева светлина или вода (капки дожд).

Не го монтирајте овој уред на локација каде е можно истекување на гас.

-- Ова може да резултира со електричен удар или пожар.

Ако има прашина или вода во ладилникот, исклучете го од струја и контактирајте го

Samsung Electronics сервисниот центар.-- Во спротивно постои ризик од пожар.

Не стоете врз уредот и не ставајте предмети (како што се алишта, запалени свеќи, запалени цигари, садови, хемикалии, метални предмети, итн.) врз уредот.

-- Тоа може да резултира со електричен удар, пожар, експлозија, проблеми со производот или повреда.

• Овој уред мора да биде правилно заземјен.Не го заземјувајте уредот со

06_ безбедносни информации

цевка за гас, пластична цевка за вода, или телефонска линија.

-- Мора да го заземјите ладилникот за да спречите било какви протекувања на струја или електрични удари предизвикани од губитоци на струја од ладилникот.

-- Тоа може да резултира со електричен удар, пожар, експлозија, или проблеми со производот.

-- Никогаш не го вклучувајте уредот во штекер што не е заземјен правилно и обезбедете се дека е заземјен во согласност со локалните и националните правила.

• Ако кабелот за струја е оштетен, веднаш заменете го кај производителот или неговата сервисна служба.

Осигурувачот на ладилникот мора да биде сменет од овластен персонал или сервисна служба.

-- Непридржувањето кон ова може да резултира со електричен удар или лична повреда.

DA68-02833L-08.indb 6

2014. 1. 9. �� 4:04