карактеристики на вашата нова samsung машина за перење

Вашата нова машина за перење ќе го промени начинот на кој што размислувате за перењето. Почнувајќи од големиот капацитет па сè до енергетската ефикасност, Samsung машината за перење располага со сите особини кои ќе ви помогнат здодевната обврска да ја претворите во вистинско задоволство.

Eco Bubble™ (еколошки меурчиња) перење

Ефикасната Eco Bubble (еколошки меурчиња) технологија на Samsung обезбедува подобрена чистота со напредна грижа за ткаенината. Eco Bubble (еколошки меурчиња) овозможува рамномерно дистрибуирање на детергентот и побрзо и подлабоко навлегување во ткаенината.

Outdoor Care (грижа за облека за надвор од домот)

Користењето на Самсунг машината за перење со Eco Bubble ви овозможува да ги перете водонепропустливите алишта со поголема удобност, знаејќи дека вашата машина за перење обезбедува одлична нега за вашите алишта наменети за на терен. Перничето од пена што го создаваат Eco Bubble заштитува против влијанието

и оштетувањето што може да настане од абразија на водонепропустливиот слој, минимизирајќи го оштетувањето на алиштата наменети за на терен, а исто така заштитувајќи ги и другите форми на деликатни ткаенини.

Грижа за бебиња

Вашата Samsung машина за перење ви нуди програми за перење со дополнителна заштита на облеката за деца со чувствителна кожа.

Со овие програми се намалува воспалувањето на кожата на децата преку минимизирање на остатоците од детергент. Освен тоа, овие програми овозможуваат класифицирање на облеката во различни типови и перењето се врши според нејзините карактеристики, така што децата ќе се чувствуваат свежо и чисто при секое облекување на нивните алишта.

Сертификат за волна

Оваа машина за перење е тестирана и ги исполни потребните спецификации на компанијата Woolmark во однос на производите од волна кои можат да се перат во машина. Оваа ознака претставува подобрен сертификат кој го надминува постоечкиот Woolmark и не само што гарантира одлични перформанси при перењето, туку и грижа за ткаенините кај волнените производи. Алиштата треба да се перат во согласност со инструкциите на ознаката и според препораките на Woolmark и Samsung.

Рачно перење

Специјалната грижа може да се постигне со помош на соодветна температура, нежно движење при перењето и соодветна количина вода.

Брзо перење

Нема време за чекање! Нашето 15-минутно Quick Wash (Брзо перење) ќе ви овозможи да исперете и да излезете веднаш.Quick Wash (брзо перење) програмот ќе ви го олесни напорниот живот - сега може да ги исперете вашите омилени алишта (до 2Kg) за само

15минути!

2_ карактеристики на вашата нова samsung машина за перење

WF1802WF-03061D-04_MK.indd 2

2013-7-20 12:40:00

Page 398
Image 398
Samsung WF1802WFVS/YLE Outdoor Care грижа за облека за надвор од домот, Грижа за бебиња, Сертификат за волна, Рачно перење