безбедносни информации

Не перете предмети извалкани со бензин, керозин, бензол, растворувач, алкохол или други запаливи или експлозивни супстанции.

-Тоа може да предизвика струен удар, пожар или експлозија.

Не отворајте ја вратата од машината на сила додека работи (пере на висока температура/суши/центрифугира).

-Водата што ќе истече од машината може да предизвика изгореници или лизгање на подот.

Тоа би можело да предизвика повреда.

-Насилно отворање на вратата може да предизвика оштетување на вратата или повреда.

Не пикајте ја раката под машината.

-Тоа би можело да предизвика повреда.

Не допирајте го штекерот со водени раце.

-Тоа би можело да предизвика струен удар.

Немојте да го исклучувате уредот со вадење на штекерот додека тој работи.

-Повторното вметнување на штекерот може да предизвика искрење, од што може да дојде до струен удар или пожар.

Не оставајте ги децата или немоќните лица да го користат уредот без надгледување. Не дозволувајте им на децата да се качуваат во уредот.

-Доколку не постапите така, може да дојде до струен удар, пожар или повреда.

Не пружајте со раката или со метален предмет под машината додека таа работи.

-Тоа би можело да предизвика повреда.

Не извлекувајте го штекерот со влечење на кабелот, туку секогаш цврсто фаќајте го и извлекувајте го директно од приклучокот од ѕидот.

-Оштетувањето на кабелот може да предизвика куса врска, пожар и/или струен удар

Не обидувајте се самите да го поправате, расклопувате или модификувате уредот.

- Не користете поинакви осигурувачи (бакарна или челична жица, итн.) освен стандардните.

-Кога е потребна поправка или реинсталирање на уредот, обратете се во најблискиот сервисен центар.

-Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар, пожар, проблеми со производот или повреда.

Ако електричните делови дојдат во контакт со вода, веднаш извадете го штекерот од струја и обратете се во најблискиот сервисен центар.

-Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар.

Кога доводното црево за вода ќе се одвои од славината и ќе го поплави уредот, веднаш извлечете го штекерот.

-Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар.

Извлекувајте го штекерот ако подолго време не планирате да го користите уредот или при невреме со грмотевици/светкање.

-Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар.

8_ безбедносни информации

WF1802WF-03061D-04_MK.indd 8

2013-7-20 12:40:01

Page 404
Image 404
Samsung WF1802WFVS/YLE manual Безбедносни информации