Samsung WF1802WFVS/YLE manual Внимание Знаци ЗА Внимание ПРИ Користење

Models: WF1802WFVS/YLE

1 660
Download 660 pages 58.42 Kb
Page 405
Image 405

ВНИМАНИЕ ЗНАЦИ ЗА ВНИМАНИЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕ

Кога уредот е загаден со некаква страна супстанца, како на пример детергент, нечистотија, остатоци од храна, итн., извлечете го штекерот и исчистете го со влажна, мека крпа.

-Доколку не постапите така, може да дојде до промена на бојата, деформации, оштетување или ‘рѓосување.

Предното стакло може да се скрши при силен удар. Бидете внимателни при користење на машината.

-Скршеното стакло би можело да предизвика повреда.

По прекин во снабдувањето со вода или при повторно поврзување на цревото за довод на вода, полека отворајте ја славината.

Отворајте ја славината полека и ако подолго време не сте ја користеле машината.

-Притисокот на воздухот во цревото за довод на вода или во водоводната цевка може да предизвика оштетување на некој дел или протекување на водата.

Доколку во текот на работата дојде до грешка во испуштањето, .проверете да нема проблем ви испустот.

-Ако ја користите машината кога е преплавена поради проблем во испуштањето, се изложувате на струен удар или пожар поради пропуштање на струјата.

Убаво напикајте ги алиштата во машината за да не се случи да ги потфатите со вратата.

-Ако ги фатите алиштата со вратата, тоа може да предизвика оштетување или на алиштата или на машината или пак да доведе до протекување на водата.

Проверете дали славината е затворена кога не ја користите.

-Уверете се дека шрафот на спојката на цревото за довод на вода е цврсто затегната.

-Доколку не е, постои опасност од материјална штета или повреда.

Проверете во гумата на вратата да не се заглавиле страни тела (отпад, конци, итн.).

-Ако вратата не е добро затворена, тоа би можело да предизвика протекување на водата.

Пред првото користење отворете ја славината и проверете дали спојката на цревото за довод на вода е добро прицврстено и дали тече од некаде.

-Ако шрафовите или спојката на цревото за довод на вода се лабави, тоа би можело да предизвика протекување на водата.

Како да ја намалите опасноста експлозија:

-Под некои услови, во системите со топла вода, како на пример Вашиот бојлер, ако не сте го користеле две недели или повеќе, може да дојде до создавање на водород. ВОДОРОДОТ Е ЕКСПЛОЗИВЕН. Ако Вашиот систем за топла вода не е користен две недели или повеќе, отворете ги сите славини за топла вода во домот и оставете ја водата да тече неколку минути пред да почнете да ја користите машината. На тој начин ќе го ослободите евентуално создадениот водород. Бидејќи водородот е запалив, не пушете и не палете отворен оган додека го правите тоа.Ако дојде до протекување на гасот, веднаш проветрете без да го допирате штекерот за струја.

Производот кој го купивте е наменет само за домашна употреба.

Користењето за деловни потреби се смета за несоодветна употреба на производот. Во тој случај, стандардната гаранција која ја обезбедува компанијата Samsung нема да го покрие производот и компанијата Samsung нема да преземе одговорност за дефекти или оштетувања кои ќе настанат поради соодветната употреба.

безбедносни информации _9

WF1802WF-03061D-04_MK.indd 9

2013-7-20 12:40:01

Page 405
Image 405
Samsung WF1802WFVS/YLE manual Внимание Знаци ЗА Внимание ПРИ Користење